Прошетка низ архитектурата од пред земјотресот – едукативна тура како најава за книгата „Артемушкин и Скопје“

Со задоволство ви ја најавуваме нашата нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни.

Автори на ова дело се Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски, а целиот проект е дел од дејноста на колелктивот МАРХ – Македонска Архитектура.

Додека го заокружуваме печатењето на самата книга, ви нудиме уникатна прошетка низ нејзината содржина.

Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.

Ќе ги посетиме познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе откриеме и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често ги игнорираме во секојдневниот живот низ Скопје.

Ќе зборуваме за историјата на овие згради, нивната архитектура и нивната денешна состојба, како и за урбаниот контекст на Скопје до земјотресот, и како тој преживува до денес.

Прошетката е целосно бесплатна, но регистрацијата е задолжителна преку следниот линк.

За сите детали за промоцијата и самата книга, следете не тука, на марх.мк.