Куќа на Бектешовци, Прилеп / 1923

Година: 1923

Извори: oldprilep.com; mk.wikipedia.org

Локација: Прилеп

 

Старата градска архитектура во Прилеп е претежно во централното градско подрачје и поделена е на две групи. Првата група се објекти од крајот на XIX век, кои се во духот на традиционалната македонска архитектура, а во втората група спаѓаат објекти, изградени во почетокот на ХХ век, со примеси на европските стилови. Најзначаен објект од втората група на објекти е куќата на Бектешовци, која што има изобилство на убави детали на фасадите и ентериерот. Оваа куќа е прогласена за културно наследство на Македонија.

 

Слика од Прилеп меѓу 1910 и 1915 година на која можат да се забележат: Градската Река, куќата на Бектешовци, зградата на денешното ООУ „Кочо Рацин“ од левата страна и црквата „Св. Преображение“ од задната-десна страна

 

Куќата на Бектешовци е сместена во строгиот центар на градот, до основното училиште „Кочо Рацин“. Изградена е во 1923 година од мајсторор Ило Дарков и неговата тајфа за богатиот прилепски трговец Петар Т. Бектешоски.

 

Историска фотографија. фото: Радио Слободна Европа
Фото: Мартина Штериова, 2025

 

Претставува величестена двокатна градба во неокласичен стил кој се манифестира во сите нејзини детали. Има голем број соби, голем салон и тавани со висина од 3,5 метри. Главниот влез има коринтски столбови и широки мермерни скали, а дворот е ограден со кована железна ограда изработена од пролепски мајстори. Во 2013 години градбата е реставрирана.

Оваа куќа отсликува и презентира еден период на градителското движење и активност на ова подрачје.

 

Фото: Мартина Штериова, 2025
Поглед кон влезната партија и плафонот на предната фасада