Фотографската колекција на Султанот Абдул Хамид II / Штип

Серија на фотографии од колекцијата на Султан Абдул Хамид II направени во Штип. За разлика од останатите градови фотографиите во Штип се земени по текот на реките Брегалница и Отиња во влезот на градот Штип и Ново Село.

Фотографската колекција на Султанот Абдул Хамид II се смета за една од најголемите колекции на фотографии во светот направени во 19 век . Денеска колекцијата се наоѓа во Универзитетот на Истанбул и брои 918 албуми со 36.585 фотографии. Во 2014 година е започнат проект за нивна дигитализација каде истите би биле достапни за сите истражувачи на тлото на Отоманската империја. Фотографиите не се датирани со точен датум но се претпоставува дека се направени помеѓу 1872 и 1900 година.

Колекцијата за Скопје можете да ја погледнете тука.

Колекцијата за Битола можете да ја погледнете тука.

Црква „Св. Никола“ – 1867, Ѓорѓи Новаков-Џонгар

Дел од колекцијата Султанот Абдул Хамид II им испратил на Велика Британија и Америка која веќе е дигитализирана и можете да ја погледнете на следниов линк.
Колекцијата дигитализирана од Универзитетот на Истанбул можете да ја погледнете на следниов линк