Проектот „Кога зградите би зборувале“ во Загреб

На целодневниот настан „Попаметен град“ во галеријата „Грета“ во Загреб денеска ќе биде претставен проектот „Кога зградите/просторите би зборувале“, меѓународна соработка која вклучува презентација на цеокупните проектни активности досега спроведени во Скопје, Белград и Загреб. „Кога зградите би зборувале“ ќе го  претстават авторите Ивана Васева, Филип Јовановски и Дејан Ивановски.

„Кога зградите би зборувале“ е колаборативен проект кој се бави со трагите на бришење или наглата изградба на колективните локални истории, земајчи како примери конкретни градски простори – згради и нивното опкружување. Бришењето или создавањето води кон една непрепознатлива промена на локалните контексти кои влијаат на сите општествени слоеви. Програмата која се развива во Скопје, Белград и Загреб се занимава со промените во сфаќањата и делувањата во однос на историските, архитектонските, политичките и уметничките референци на одредени градски делови.

Преку детална анализа на овие згради/блокови, контекстуализирани со нивната околина и историски развој, „Кога зградите би зборувале“ се однесува на тенденциите на (не)солидарност, деградација, обнова на реалноста- покажувајќи исто така кои се конфликтите во овие згради/блокови кои потенцијално отвараат процепи во генералната општествена структура.

Процесот подразбира истражување на Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот „Супервизуелна“ и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година. Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF) и продолжува и во 2018-тата.

Тизер трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=N-zvzrVL-BM

 

Автор на статија: