Архитектонска изложба “Општина За Нас” /фотогалерија/

На 4ти март (вторник) 2025г., се одржа архитектонска презентација насловена “Општина За Нас”, во организација на Општина Центар. На оваа презентација беа изложени сите 13 (тринаесет) пријавени трудови, приложени како учесници на распишаниот конкурс минатата година за изработка на идејно решение за нова зграда на Општина Центар.

За оваа цел, формираната жири-комисија која ја сочинуваа : проф д-р Огнен Марина, диа; Сашко Иванов, диа;проф. д-р Мишко Ралев, диа; Валентино Константиновски, диа; Танкица Христова-Спасовска, диа; Наташа Тодоровска-Пренк, диа; и Игор Котларовски, диа;
водена според однапред зададените принципи на просторните, економските, естетските, и еколошките аспекти, ги имаа одбрано првите три наградени трудови.

 

 

 

Прва награда: шифра НАМАТ – Нина Карангелевска Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева, Кристијан Ристовски

(парична награда – 750.000 ден)

 

Втора награда: шифра ЧКЛАБ – ПЛАТФОРМА ДОО Скопје

(парична награда – 400.000 ден)

 

Трета награда: шифра СЦЕНА – Митко Хаџи Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска Трајкова и Теодора Илиевска

(парична награда – 300.000 ден)

(макета-модел на првонаграденото идејно решение, шифра-НАМАТ)

 

(од горе кон доле- НАМАТ; ЧКЛАБ; СЦЕНА;

рендери од изгледи на трите првонаградени конкурсни трудови

(извор: Асоцијација на Архитекти на Македонија)

 

(Горан Герасимовски, Градоначалник на Општина Центар)

 

Во своето обраќање на оваа презентација, зеде збор и градоначалникот на Центар, кој сподели јавно меѓу посетителите:

“Наша цел не е само изградба на нова административна зграда, туку создавање функционален простор кој ќе одговори не само на потребите на вработените, туку и на граѓаните. Комплексот ќе биде модерен, енергетски ефикасен, со подземен паркинг за околу 300 возила и простор за 100 велосипеди, конечно решавајќи го долгогодишниот проблем со паркирањето во централното градско подрачје” – изјави Герасимовски.

 

 

 

(од лево кон десно- Нина Карангелеска-Тодоровска, НАМАТ;

Елена Икономов,ЧКЛАБ; Митко Хаџи-Пуља,СЦЕНА)

 

 

(постери на пристигнатите идејни решенија на сите учесници на конкурсот за нова општинска зграда на Општина Центар, Скопје)