Workplace Conference 2025
27.03.2025 • Информации

Вчера на 26ти март 2025 година, во скоро реновираниот Сава Центар во Белград, Србија се оддржа Workplace conference во организација на iOLite Hub од Скопје, а поддржана од B0S-Business Office Solution (Србија) и B2 Solution (Македонија). Медиумската поддршка обезбеди B2 Media.
Workplace Conference 2025 се оддржува веќе втора година со идеја да прерасне во традиција која на регионот му нуди создавање на платформа која овозможува да научите од најдобрите експерти во индустријата за канцелариски мебел и да го проширите вашето деловно мрежно поврзување со практични совети и концепти кои ја опфаќаат архитектурата на овие простори.
Конференцијата се оддржа во Сината конференциска сала и во Зимската градина под стаклен кров во Сава Центарот во Белград. Поделена во два дела со серии од три предавања, кафе пауза и коктел за вмрежување.
По регистрацијата во холот, настанот започна со воведен говор на Венцо Горгиевски со партнерите од Србија, кој ја истакна важноста на ваквиот тип на настани во контекст на развојот на индустријата која се повеќе се фокусира на здравјето на вработените и добрата работна атмосфера во канцелариите.
Првото стручно предавање го оддржа Matthew O’Sullivan – Ергономски консултант од Humanscale. Ова излагање ги презентира детално сите критични точки по нашето здравје, за време на престојот во канцелариите. Од начинот на седење, држење на телото, користењето на дланките до потребата од релаксација и презентација на решенијата за дизајн на здрави работни средини кои се користат при проектирањето на мебелот.
Ernst Holzapfel – Mаркетинг директорот на Sedus говореше за Работни кафулиња (Work Cafés), т.е простори кои ја поттикнуваат размената на идеи и соработка. Како од еден простор за работа канцелариите прераснуваат во место кое го заменува стресот со удобност и благопријатност. Преку повеќе дијаграми, графичи прилози и анализи беше презентиран пристапот на оваа компанија.
Lorenzo Maniero – CEO и Ко-сопственик на True Design, заедно со Antigone Acconci – Архитект и дизајнер во Parisotto+Formenton Architetti говореа на темата: Како да го примениме принципот на CMF (Боја, Материјал и Површина) за креирање на канцеларии. Ја споделија успешната приказна на семејниот бизнис, кој прерасна во препознатлив и водечки светски бренд за производство на канцелариски мебел.
Нивниот грижлив и детален архитектонски концепт на анализирање и создавање приказна беше раскажан преку презентацијата за избор на материјали, текстури и шема на тренди бои за секоја нова сезона.
Oliver Baxter – Workplace консултант како претставник на Interstuhl.
го отвори вториот дел од конференцијата со презентација на тема „Иднината на работните простори овозможена преку AI технологии.“
Неговото богато искуство од преку 15 години во сферата на делување, беше раскажано преку развојот на компјутерските софтвери и помагала во секојдневното живеење на човекот, со што се менува и потребата и начинот на работа. Од тука заклучокот во однос на новите алатки на вештачката интелегенција беше во контекст на нивна употреба и навремено учење и совладување како потреба на дизјанерите и архитектите на новото време. Игнорирањето на овие алатки не може да донесе развој на општеството, додека нивната уптореба може да го олесни работниот процес, и во одредени задачи да ја зголеми продуктивноста.
Ernst Holzapfel – Mаркетинг директорот на Sedus во овој дел оддржа и второ предавање за интердисциплинарниот пристап на компанијата, кој вклучува и интерактивност со нивните корисници. Преку повеќе алатки за анализирање на личноста на корисниците, се продуцира палета на бои и решенија кои овозможуваат поголемо персонализирано искуство. „The limbic office – designing with the brand in mind“ беше насловот на презентацијата која покажа дека секое чекорење напред не инспирира за нешто повеќе, додека идентитетот на работењето се стекнува преку посветеноста и јасните цели. Затоа важна е секоја точка од процесот, бидејќи човековите сетила во една секунда обработуваат повеќе од 11.000.000 податоци, што укажува на нашиот сложен систем на перцепција на се што не опкружува.
Конференцијата ја затвори Laurent Vandenbroucke – меѓународниот директор на продажба на Hoyez SAS со темата: Иднината на стаклените ѕидови: Транспарентноста и приватноста во работните простори. Од излагањето имавме можност да се запознаеме подетално со производите на компанијата.
По формалниот дел, настанот од Сината сала се префрли во зимската градина, каде беше послужен коктел, пропратен со музика и презентација на избрани парчиња канцелариски мебел дизајниран и произведен од говорниците и компаниите присутни на конференцијата.
Овој настан овозможи зближување помеѓу сите вклучени во процесот, од дизајнерите, архитектите, добавувачите, дистрибутерите и производителите со цел нови можности за соработка и подобри производи со цел задоволни крајни корисници.
Се гледаме следната година на третото издание!

Автор на статија: Filip Koneski
Antigone Acconci / B0S-Business Office Solution / B2 Solution / Ernst Holzapfel / Hoyez SAS / Humanscale / Interstuhl / iOLite Hub / Laurent Vandenbroucke / Lorenzo Maniero / Matthew O’Sullivan / Oliver Baxter / Parisotto+Formenton Architetti / Sedus / True Design / Workplace Conference 2025 / Венцо Горгиевски / Деспина Жупан