Кафе-книжарница БУКВА/БООКВА / Студио90
24.06.2025 • Ентериер и мебел

Година на проектирање/изведба: 2021 година
Автори: Елена Филиповска и Владо Данаилов
Проектантско биро: Студио90
Инвеститор: Грибоедов
Автор на фотографии: Марко Костовски
Локација: Центар-Скопје
Површина: 42 m2
Буква е кафе книжарница во центарот на Скопје или „Дом на културата под трите брези“ – како што се опишуваат самите, проект на проектантското биро Студио90 во 2021 година.
Проектот подразбираше ограничена трансформација на веќе постоен простор со неправилна геометрија. Користејќи ја бојата како главна алатка во обликувањето, волуметот е визуелно корегиран и трансформиран во пријатен простор со разнолика содржина, дел за изложување на книги и дел за кафе барот.
Фукционалноста постигната со соодветен распоред на елементите овозможува флексибилност на основата и променливост во сценариото на користење. Дизајнот на ентериерот во целост се реализира од моментот на употреба односно овој простор оживува секојдневно и на тој начин добива друга димензија-човечка.
Ова е место во кое поединецот открива целина која ја дели со остантите и која придонесува за неговиот идентитет.

Автор на статија: Filip Koneski
Буква / Владо Данаилов / Елена Филиповска / Кафе / книжарница / Студио90