ОУ Невена Георгиева Дуња
11.07.2025 • XXI век

Автор: ?
Студио: ?
Локација: Општина Кисела Вода
Година: 2016/17
Основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ се наоѓа во населбата 11 Октомври-згради, во Општина Кисела Вода. Основано е во 1964 година, веднаш по скопскиот земјотрес, кога оваа населба започнува со изградба.
Првичниот објект беше монтажна барака, донација од француската влада, со просторно решение во облик на буквата Ж, концепт кој можеше да се види во повеќе скопски населби.
Новиот објект на училиштето е пуштен во употреба 2017 година.

Автор на статија: Filip Koneski
11 Октомври- згради / Кисела Вода / Невена Георгиева Дуња / основно училиште