Конкурс за дизајн на постер за БИСТА 2025

Асоцијацијата на архитекти на Македонија објавува конкурс за избор на најдобро графички обликуван постер за овогодинешното издание на Биеналето на студентите по архитектура – БИСТА 2025.

Целта е да се изработи визуелно решение кое на креативен начин ќе го претстави биеналето, со јасна авторска идеја насочена кон студентите по архитектура и пошироката јавност.

 

Рок на доставување: 30.09.2025 – доставување лично во просториите на  ААМ на ул. Даме Груев 14а, Скопје од 10:00 до 13:00 часот,

Награден фонд: 1 место – 7.000 ден. (официјален постер за БИСТА 2025), 2 место – 5.000 ден. , 3 место – 3.000 ден.

Контакт: bista.2025.aam@gmail.com

 

Сите детали и услови за учество може да ги проследите во официјалниот повик од организаторите:

Извор: фејсбук профилот на ААМ