Mercedes Lounge Bar / Радо Инженеринг

Година: 2024

Автори: Пако Радовановиќ, Тијана Стојановска, Стефан Матевски

Инвеститор: Mercedes-Benz

Фотографии: Дарко Матоски

Локација: Скопје

Студио: РАДО Инженеринг / www.rado.com.mk

 

Во Скопје е изведен нов ентериер на Mercedes Lounge Bar кој со својот современ дизајн нуди посебно искуство. Целосно е трансформиран во простор кој нуди функционалност, топлина, истовремено вешто вклучувајќи примеси од индустриски дизајн. Целта беше да се создаде рамнотежа помеѓу неговата визуелна привлечност и употребливост.

 

 

Отворениот внатрешен простор овозможува лесна флуидност во движењето. Средишниот дел е истакнат со големиот кружен пулт во контрастна боја во однос на останатиот простор и овозможува слободно движење и седење околу наоколу. Над него дополнително се истакнува плафонот каде комплетно е видлива кровната конструкција на објектот кој додава на уникатност на дизајнот.

 

Внимателно одбраниот мебел дава чувство на луксуз и топлина истовремено, како и разновидност во користењето.

Исто така значаен е погледот кој е отворен „360 степени“ и поставени се дрвени перголи за менување, прилагодување на погледот според моменталните потреби за користење на просторот.

Се наоѓа на најгорниот кат во објектот деловен центар Премиум во Скопје.