Станбени згради Б13 и Б14, Ново Лисиче / Трифун Јанев

Локација: Ново Лисиче, единка А3-4

Автор: Трифун Јанев

Проектна организација: Бетон со мешовита сопственост Р.Е Институт за студии и проектирање

Инвеститор: ПУИГ-Скопје

Извдувач: Бетон

Година на проектирање: 1989 год.

Година на изведба: 1989-1991 год.

Извор: Бимас 1993

4

Објектите Б13 и Б14 се проектирани по изведбата на станбената единка А3-4. Конфигурацијата на теренот на овие две станбени згради налагаше градба и искористување на огромен подземен простор, оформен порано како наоѓалиште на чакал со длабочина од 8 – 10 м. Намерата на инвеститорот за искористување на локалитетот е остварена со проектирање две подземни нивоа под станбените згради, односно подземно ниво за станарите на зградите, а другото ниво како јавен простор. Б14 во 1 подрум локали, а Б13 во втор подрум -куглана со 2 ленти, голема билијард сала со 6 билијард маси, и се разбира простор за гледачи, како и неопходниот кафе бар, кој ги опслужува забавните простори во подземјето.

1

Измеѓу објектите, во подземен простор под пешачката патека е проектирано и изведено кино „карабина“ за 420 гледачи. Во источниот дел од дупката допрена до Б13, е проектирана и изведена во „карабината“ сала за кошарка (без трибина)и  за други рекреации и активности. Со целата подолга страна салата е отворена кон каскадата и кон спортските терени, кои се на ниво од -3,5 м од теренот и со своите трибини од три страни го заокружуваат овој забавен спортски центар.

Автор на статија: