Судска зграда – Битола / Чипан

 

Локација: Булевар 1-ви Мај, Битола

Автор: Борис Чипан; сор. Методија Трајковски;

Година: 1958

Извор: Архитектонско истражување на Орхан Сулејмани и Бисера Коџасинска, 2016; Градски архив – Битола (технички предмер:; 2.240.110.9./143); build.mkbabambitola.mk;

 

 

Судската зграда во Битола е еден пример од плодното творештвото на архитектот Борис Чипан. Таа заедно со судовите во Штип и Велес, формира тројка на слични објекти, во кои за прв пат јасно се гледа архитектонскиот јазик на авторот – спој помеѓу рационалистичката димензија во модернизмот и функционалистичката нишка на традиционалната архитектура.

 

 

 

Судската зграда во денешниот контекст – Апелационен Суд Битола / google.com

 

 

 

 

 

Градбата е изведена под името Судска палата во Битола, 1958г, по барање на Државениот секретаријат за правосудна управа на Народна Република Македонија. Таа се наоѓа во самиот центар на градот, покрај реката Драгор, веднаш до општинската зграда. Денес во објектот е сместен Апелациониот Суд.

 

 

 

Суската зграда и Исак Џамија (babambitola.mk

 

 

 

Суската зграда и Полициска станица – Битола (babambitola.mk

 

 

 

Обејктот претставува рационално решение на бел кубус сместен врз основа од кршен камен. Главниот волумен е изведен од бетон, а неговата фасадна рамнина е прекршена со низа брисолеи и репетиција на стандардни прозорци. Единствената отстапка е влезот кој е акцентиран со низа на столбови и мала висинска денивелација.

 

 

 

 

 

 

Изглед (Архитектонско истражување на Орхан Сулејмани и Бисера Коџасинска, 2016

 

 

 

Низ изминатите децении градбата претрпува низа измени кој ја нарушуваат нејзината чиста модернистичка форма. Како и кај многу од примерите од периодот, нејзиниот рамен кров добива надградба и покриврка, како и заоблена натстрешница пред самиот влез. Во внатрешноста, една од малите судници е пренаменета во сала за состаноци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Фотографии од денешна состојба (Архитектонско истражување на Орхан Сулејмани и Бисера Коџасинска, 2016) 

 

 

 

Судската зграда во денешниот контекст/ google.com