Edward Lear / Цртежи Охрид – 1848

Едвард Лир, Англиски уметник и илустратор ги создава едни од најрано познати илустрации од Македонија направени во есента 1848 мата година во текот на неговата Балканска турнеја.  Преку Егејска Македонија, Охрид, Преспа, Битола, Дебар, навлегува длабоко во Албанија. Неговата Македонска одисеја е опишана во книгата “Едвард Лир во Албанија – Журнал на сликар на пејсажи на Балканот„ од 1851 година.

Илустрациите на Лир го доловуваат пејсажот и изгледот на Охрид во средината на 19 век и заедно со фотографиите на Josef Székely од 1863 претставуваат едни од најважните документации. Главно концентрирани на езерскиот пејсаж Едвард Лир заедно со неговиот текст не носи преку неговите очи во 1848 година во Охрид.

Едвард Лир Роден во Хајгејт (Лондон), Англија на 12.05.1812 , починал во Санремо, Италија на 29.01.1885.  Во 1832 е вработен од благородникот Ерл од Дерби, за изработка на цртежи во боја на ретки птици и животни во неговата фарма на Ноусли Хол. Благородникот му овозможива на Едвард Лир да патува. Лир почнува да патува и да објавува патописни книги од своите патувања во Италија (1846), Албанија и Илирија (1851), Калабрија (1852) и Корзика (1870). Ја посетува исто така Светата Земја и Грција. Во 1845тата, станува личен учител по цртање на нејзиното Величество Кралицата Викторија од Англија.

Дел од информациите се преземени од  Лексикон на странски сликари во Македонија.