МАРХ ПРИЗНАНИЕТО ЗА 2025 ГОДИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА АРХРИД
06.12.2025 • Информации
МАРХ Македонска архитектура секоја година по својот роденден, доделува признание или благодарница кон некој од чинителите на домашната сцена.
Оваа година едногласно тимот на МАРХ одлучи ова признание да го додели на колективот АРХРИД, за придонесот кон афирмацијата на македонската архитектура и градителско наследство пред домашната и меѓународната јавност.
Нивниот труд и дела се потврда за оправданоста на ова признание.
Тимот на МАРХ им честита на АРХРИД, надевајќи се дека ова признание ќе им даде поттик да продолжат во правецот и насоката по која чекорат!
Автор на статија: Filip Koneski

