Професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља се добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2025 година
26.01.2026 • Информации
Асоцијацијата на архитекти на Македонија едногласно ја поддржа кандидатурата на Авторскиот тим Проф. д-р Минас Бакалчев и Проф. д-р Митко Хаџи Пуља, од страна на жири комисијата одредена за доделување на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2025 година.
Комисијата работела во полн состав и тоа:
Стеван Смилевски Кокан, диа, претседател
Проф. д-р Влатко Коробар, диа, член
Проф. д-р Зорица Блажевска, диа, член
Проф. д-р Мишко Ралев, диа, член
Александар Наумовски, диа, член
Управниот одбор на ААМ на званичен состанок во декември 2025 година, исто така едногласно ја поддржа и верификува предлог-одлуката на жири комисијата.
Претстои уште свеченото прогласување на професорите за лауреати на наградата „Андреја Дамјанов” за 2025 година во МАНУ во термин кој дополнително ќе се соопшти.
Автор на статија: Filip Koneski
2025 / Андреја Дамјанов / Минас Бакалчев / Митко Хаџи-Пуља / награда за животно дело
