Интернационален музеј за астрономија
31.01.2016 • XXI век
Автор: Андријана Савиќ
Соработници: Иван Белевски, Мартина Тенекеџиева
Локација: Чиле, пустина Атакама
Проектирање: 2014
Извор: Бимас 2014
Архитектонскиот дизајн јасно ги следи ориентационите страни, дефинирајќи отворен простор за опсервација на југоисток, југозапад, североисток и северозапад. На тој начин објектот функционира како компас. Инспирацијата е пронајдена во добро познатиот метафизички концепт „Како горе, така долу“, преку игра на рефлексија на тоа што е над нас, во водената површина околу објектот.
Просторот е организиран на неколку нивоа, различни по димензија и висина, тежнеејќи по космички баланс и потрага по духовни вредности.
Позицијата на Музејот е избрана да биде помеѓу Сан Педро и аеродромот, доволно близу до автопатот како би бил лесно достапен за сите.
Пејсажот овозможува одржливост и развој на градот носејќи чувство на веселост.
Ф.К
Автор на статија: marh