Винарска визба во Бардовци / студентски проект на Ристовски и Цоневска

Проект: Винарска визба
Локација: населба Бардовци, општина Карпош
Студенти/автори: Иван Ристовски и Тијана Цоневска
Педагошки тим: Доц.д-р. Александар Радевски, Асс м-р. Горан Мицковски, Доц.д-р. Димитар Папастеревски, дем. Виолета Ѓорѓевска, дем. Марио Баткоски
Годинa: 2015/2016

Inspiracija-Zrno-Grozd Образложение:
Предмет на задачата по предметот “Архитектонско студио” на Факултетот за Архитектура во Скопје беше да се проектира винарска визба со капацитет од 2.000.000 литри/годишно (црвено и бело вино). Објектот е инспириран од внатрешната стуктура на едно зрно грозд.

Vinarija-situacijaПристапот до винарската визба е овозможен преку пристапна индустриска улица со која се пристигнува во влезната партија со контрола (портирница). Во рамките на парцелата е предвидено кружно движење и паркирањето се врши во рамки на самата парцела. Кружната геометрија на објектот е добиена на пресекот на дијагоналите на локацијата, со што може да се долови амбиентот на целото производство на вино, кое започнува од прием на грозје, ферментација, барик со дегустација на вино, флашара и магацин.

Vinarija render 2Vinarija-osnova prizemje
Проектните содржини кои се наменети во објектот се: влезна партија со контрола (портирница) каде може да се мери донесената количина на грозје како и станица за мерење на квалитетот на грозјето и паркинг за вработени. Управата и администрација за потребите на комплексот е сместен во посебен влез. Работен простор за преработка на грозјето преку прием, преработка на бело и црвено вино, простор за ферментација на бело и црвено вино, простор за одлежување на вино, флаширање и магацин за амбалажа. Просторот за дегустација на вино е сместен во просторот за одлежување на виното.

Vinarija-prv kat

Во самиот комплекс е сместено угостителство и туризам за потребите на винарската визба. Предвидени се и сместувачки капацитети за вински туризам кој опфаќа сместување на посетители, ресторан и продавница.

Vinarija render 3vinarija-preseci
Надворешниот дел на објектот има современа двојна фасада во вид на “Smog-Eating Facades”. Кога сончевата светлина допира до хемиски третираната површина, започнува процес на оксидирање на органска материја, при што загадувањето го трансформира во водена пареа и CO2. Оваа одржлива фасада е од витално значење за околина со винови насади. Во внатрешните ѕидови (делот кој всушност е издлабен од самиот круг) се поставени вертикални градини кои всушност претставуваат живи ѕидови на кои се поставени инсталации за наводнување.

vinarija-fasadimaketa-1

maketa-2

Автор на статија: