Отворена 13-тата изложба на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС

 

На 17.06.2026 година, во Националната галерија на Македонија – Мала станица во Скопје, беше отворена 13-тата изложба на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

 

 

 

 

На изложбата се претставени избрани студентски проекти од прв и втор циклус студии, кои ја отсликуваат креативноста, истражувачкиот пристап и професионалниот развој на студентите.

 

 

 

 

 

Во рамки на настанот беа доделени и награди за избор на официјален постер за овогодинешната изложба. Првото место го освои Теодора Даскалова, второто место ѝ припадна на Јована Арџелиева, а третото место го освои Софија Шуклева.

 

 

(предлог решенија за официјален постер, и првонаградениот официјален  постер за овогодинешниот настан; автор: Теодора Даскалова)

 

 

 

 

Изложбата е отворена за посетители до 25.06.2026 година.

 

(фото – Борис Јурмовски)