Јаким Цветанов – македонскиот мајстор кој ја градеше Софија

Сосем случајно на  социјалните мрежи наидовме на името на Јаким Цветанов, по потекло од Паланечко, за кој се вели дека учествувал во реализација на голем број на проекти во Софија, Бугарија.

Роден бил во 1878 година во селото Радибуш (Паланечко), но животот го поминал во Бугарија, откако мигрирал во Софија. Се вели дека учествувал како делегат од Паланечкото добротворно братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските емигрантски организации во јануари 1923 година. Влегол во бизнисот со градежништвото, а неговата компанија ги реализирала следните проекти:

-Второто крило на Бугарската земјоделска банка;
-Поставување на бетонските темели на црквата „Св. Александар Невски“;

Фото извор >>>

-Софиски минерални бањи;
-Второто крило на Државната печатница;
-Зградата на болницата „Сите што тагуваат радост“;
-Дополнителниот кат на Народната банка;
-Книговодната книжарница на Софиската банка;
-Министерство за земјоделство;

Фото извор >>>

-Американскиот колеџ во Софија (заедно со браќата Лазар и Георги Киселинчев);
-Училиште „Отец Паисиј“;
-Агрономски факултет во Софија – архитект Овчаров;
-Бугарска народна банка – архитект Цолов и архитект Василев;

 

Фото извор >>>

-Секуритационе Генерал „Витоша“ Софија, улица Московска бр. 5;
-Општински центар и хотел „Славјанска Беседа“ (1939) (заедно со браќата -Лазар и Георги Киселинчев);
-Домот на железничарите до Централната станица;
-Зградата на киното „Левски“ (1946);
-Автопатот Пловдив – Пазарџик;
-Студентски дом – спроти споменикот „Цар Освободител“
-КООП Севастопол на улицата „Г. С. Раковски“ и плоштадот „Славејков“; -Зградата на Сојузот на народни банки – архитект Овчаров;
-Бесплатно – водоснабдување и канализација на Горнобанскиот пат.

 

По 1944 година, работел две години како технички раководител во Софболстрој и во многу други приватни и јавни згради.

Цветанов ја спонзорирал Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Починал во 1973 година во Софија.

Не навлегувајќи подлабоко во потенцијалните историски дебати од балкански карактер, несомнено станува збор за градител од Македонија, кој бил вклучен во општествениот живот во Бугарија. Покрај тоа учествувал и во македонските организации и делувања во период кога во Софија делуваат огромен број на дејци – емигранти од Македонија.  На која струја припаѓал, останува на историчарите, но неговото значење, потекло и делување во делот на архитектурата и градежништвото заслужуваат внимание.

Секој што поседува повеќе податоци за Јаким Цветанов, го покануваме да сподели со нас.

 

Користени извори: Wikipedia / Fb страна Радибуш