Повик за работилница на Архипункт во соработка со МАРХ и ЗСЗ
30.03.2016 • Информации
„Работилница за збогатување на Wikipedia со податоци за македонската и светската архитектура“
Организатор: Студио за архитектура и дизајн Архипункт
Соработници: Здружението Споделено знаење, Веб порталот МАРХ
Цел: Збогатување на македонската Википедија со содржини од областа на архитектурата
Место: Њу Менс Бизнис Акцелератор
Датум: 15-16 април, 2016г.
Број на учесници: 15
Пријавување: http://goo.gl/forms/
Facebook event: АРХИВИКИ
Бројот и содржината на статиите за архитектура на македонски јазик на Интернет се многу ограничени. Ова е особено видливо преку Википедија, првото интернет место за пристап до информации од било која област, која е во недостаток на многу значајни податоци, поими, градби, творци и правци присутни во целокупното досегашно македонско и светско архитектонско творештво.
Википедија е слободна енциклопедија, осмислена да функционира на принципот на соработка и придонес од страна на нејзините корисници. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“
Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Интернет, примајќи околу 50 милиони прегледи на ден.
Цел на работилницата:
Во согласност со Вики-концептот, во опуштена и друштвена атмосфера:
– Да се дознае нешто повеќе за македонското и светското архитектонско творештво
– Да се научи постапката за уредување содржини на Википедија
– Да се придонесе кон достапноста на информациите за македонската и светска архитектура во севкупноста на човековото знаење преку внесување нови и дополнување на некои од постоечките статии на македонската Википедија
Распоред на работилницата:
15.04.2016г. (18:00-20:00)
– Запознавање на учесниците
– Претставување на организаторот и соработниците
– Презентација на Споделено знаење- Како се внесуваат содржини на Википедија?
– Формирање групи и организирање на работата
16.04.2016г. (10:00-18:00)
– Внесување содржини
– Пауза за ручек
– Внесување содржини
__________________________
Arhipunkt е младо архитектонско студио од Скопје предводено од Невенка Манчева и Марија Антиќ Николова. Покрај својата основна цел- создавање современа архитектура и дизајн, студиото во својата работа има цел да вклучи и непрофитни проекти со кои би придонеле за заедницата, истовремено развивајќи ја кај корисниците т.н. архикултура која во македонското општество во моментов е многу потребна.
Споделено знаење Википедија на македонски јазик е невладина и непрофитна организација, огранок на Фондацијата Викимедија, чија главна цел е поддршка на создавање, собирање и умножување на слободни содржини со примена на програмот вики.
МАРХ Македонска архитектура е интернет страница посветена на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност преку објавување статии, проекти и известување за изложби и настани.
NewMan’s Business Accelerator е приватна компанија за поддршка на стартапи и професионално образование на млади таленти, со седиште во Скопје и Лос Анџелес.
Автор на статија: marh