Традиционалните ориентални килими во Македонија

Првите сведоштва за килимите на Балканот датираат уште од времето на византиската империја, период во кој тие претставувале луксузни предмети за повисоките класи, увезувани од Ориентот но исто така и изработувани во византиските работилници. Сепак, појавата на специфичната текстилна форма на килимот на полуостровот особено се поврзува со доаѓањето на Турците кои го носат овој предмет како дел од нивната традиционална култура.

02

Како прв центар се појавуваат Солун каде килимарството било главно во рацете на Еврејската заедница, по чие опаѓање во 19 век се појауваат новите центри на Балаканот, градовите Пирот (Србија) и Чипровци (Бугарија). Од овие јадра се шират карактеристиките кои влијаат и на килимарството во Македонија.

03

Во рамките на Македонија килимарството се развивало најмногу за домашните потреби, но сепак, концентрирано околу неколку градови како: Прилеп, Охрид, Скопје, Кратово и Дојран, во чии производи се забележуваат одредени локални осебености.

04

Изработката на килимите започнува со процесот на стрижење на овците и перење на волната. Потоа таа се влачи или растресува при што се одделува долгата „власна“ волна од кратката „штима“. „Власната“ волна потоа се користи како основа на килимите. По нејзиното одделување таа се преде и на крајот се бои.

05

  • Процесот на изработка: 1. Стрижење на овците; 2. Перење на волната; 3. Растресување памук; 4. Влачење волна; 5. Предење волна на фурка; 6. Предење на чекрек; 7. Навивање основа на ткаење на кросно; 8. Ткаење на разбој

06

На почетокот се користеле природни бои кои биле многу стабилни и не бледееле лесно, при што давале благи пастелни тоналитети и хармонични склопови од нијанси.  Процесот на боење го вршеле или самиите ткајачки или професионални бојаџии. За добивање на боите се додавале кори или корења од одредени билки, и тоа: ореви за кара (темнокафена – црна боја); индиго за модроплава боја; кромидот за жолтокафените нијанси и крмезот за црвените.  Со развитокот на индустријата се појавуваат и синтетичките бои кои се драстично критикувани поради нивниот помал квалитет, нападност и силни нијанси.

07

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Килимите биле изработувани во техниката на лито ткаење со две лица, исто познати и како мазни килими. За разлика од околните центри, килимите во Македонија се изработувале изклучиво  на хоризонтални разбои, поради чија тесна основа тие се ткаени во повеќе дипли (парчиња) кои потоа се соединувани давајќи ја финалната форма и димензија на килимот. Процесот на спојување на диплите барало посебна умешност од ткајачките.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

  • Техника на лито ткаење

10

  • Килим од две дипли

Во средината на XX век се појавува единствениот случај на поразвиена килимарска работилница отворена од страна на трговецот Рамчо Томчија – Ќилимаро, кој дури набавил вертикални разбои овозможувајќи ткаење на големи едноделни килими. Во тој период Прилеп, каде ткаеле околу 1000 жени, прераснал во вистински производствен центар во што особено придонесло основањето на килимарскиот оддел, во склоп на Раденичката школа.

11

  • Прилепски „голем“ килим – почеток на XX век

12

  • Килим софра – Прилепско

Изработувањето на килими било исклучитево женски занает кој го практикувале како занимање или дел од домаќинските активности.  Наспроти утилитарниот карактер на овие производи, нивното ткаење било творечки чин при кој се изразуваат креативноста  и естетските афинитети на неговите авторки.  Поради ова ги забележуваме  различните интерпретации на орнаментиката, користењето на различни бои или композиции.

13

  • Килим „ери – дере“ (крива река)

14

  • Повеќедиплен килим – Охридско

Во орнаментиката забележуваме многу сродности со околните Пиротски и  Чипровски килими, но и диференцијации во однос на нивните особеностите. Еден од најстарите карактеистични ориентални мотиви е „Дрвото на животот“, додека ги среќаваме и мотивити на ниши или кутии (налик на куќички), софри, тиче (птичка), тагарка со пилци, рачките, пламенчиња и многу дуги, дел од кои се присутни единствено во килимите од Македонија.

15

  • Мотиви од дојрански килим – дрвото на животот, тагарка со пилци, рачките и необичен антропоморфен мотив

16

  • Мотив јавори – Дојран

17

  • Мотив софра – Дојранско

Килимите служеле за сите делови од македонската традиционална куќа додека најголемите и најпретставителните служеле за покривање на подовите на гостинските одаи. Како дел од ентериерот на овие простории тие имале функција на декорирање и покривање, како и сакрални функции на означување на светиот простор пренесени преку нивните источни корења и во тоа време сеуште практикувани во муслиманските куќи. Освен за постилање на подот килимите се користеле и за постилање на креветите и украсување на ѕидовите. Покрај килимите во употреба биле и јамболии, перници, килимчиња, батани, повивалки итн.

18

  • Килимот во ентериерот на куќата на Робевци – Охрид; Килим во куќата на Васил Главинов – Велес

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

  • Килим во ентериерот на македонската куќа, поставка во Музејот на Македонија

Килимите освен за употреба во станбената архитектура ги среќаваме и во црквите и манастирите. Во џамиите пак, тие имаат функција и на молитвени килими, од што се појавуваат мотивите на ниши или кутии  кои со својата фрорма напооменуваат на сакралниот елемент во џамијата – михраб. Исто така биле користени како дел од обреди, како покривка за на коњ при свадбена поворка, при крштевање и други церемонии и прослави.

20

  • килимче за колевка – с. Побожје; килимче за коњ- с. Кучевиште; перница – Тетовска Река;

Со почетокот на Балканските војни, како и Првата и Втората светска војна, се дестабилизира Балканскиот регион, а со тоа се менува начинот на живот. Постепено се намалува и произвотството на килими, кое никогаш повторно нема да го достигне некогашниот интензитет. По војните се случува масовната индустријализација на произвотството, фасцинација од модерното и глобалното наспроти историското и традиционалното. Сиве овие фактори доведуваат до изумирање на традиционалното килимарството.

21

Во современата урбана култура постои повеќе свест за вредностите на традиционалните занаети, а во тие рамки и за килимарството. Во тој контекст се прават обиди за повторно оживување на старите техниките на изработка на килими, но тие за жал не го добиваат посакуваниот интензитет. Сево ова ме наведува на мислењето дека вистинска ревитализација на традиционалниот килим може да се случи не преку негово третирање како мртов музејски експонат, туку преку неговото инкопорирање во модерниот жив ентериер. Затоа овој текст нека биде поттик за внесување на овој наш традиционален елемент во наредното преуредување на вашиот простор.

22

Голема благодарност д-р Јасминка Ристовска Пиличкова од Институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ за успешната соработка.

Извори:  Vitkovic-Žikić Milena, Pirotski ćilimi, Белград 20012; Hull Alastair and  Luczyc – Wyhowska Jose, Kilim – The Complete Guide, Лондон 1993; постојната етнолошка поставка при Музејот на Македонија во Скопје;

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

 

 

 

Автор на статија: