Специјална болница за белодробни заболувања/ Николиќ и Чаусидис

Архитектонско студио 8/2

Автори: Матеја Николиќ и Ноеми Чаусидис

Педагошки тим: Доц. Д-р Михајло Зиноски, Проф. Д-р Анета Христова-Поповска, Игор Медарски и Стефани Соларска.

Проектна задача: Специјална болница за белодробни заболувања во склоп на манастирот во с. Лешок

Локација: С. Лешок, Тетовско

Година: 2016

Model

Самата задача на студиото бара интегрирање на комплексната и обемна програма која содржи објекти од здравствена заштита, рекреација и сместувачки капацитети, во природниот пејсаж, топографијата и постојната архитектура. Несакајќи да создадеме објект кој со неговата големина би се наметнал на контекстот, ја делиме програмата во четири дела создавајќи посебен објект за оделот за лекување; одделот за превенција, приемно одделение и дијагностика; одделот за физикална терапија и спа; и хотелските сместувачки капацитети во форма на бунгалови поставени во низ теренот.

Model

  1. ТРОКРЕВЕТНА СОБА / 2. ШЕСТКРЕВЕТНА СОБА / 3. КУЈНА / 4. ДНЕВЕН БОРАВОК / 5. ТЕРПЕЗАРИЈА

* лекар и главна сестра/остава за лекови

Обидувајќи се да се поврземе со околната архитектура ја имитираме формата на селото Лешок која се состои од поединечни објекти со висина П или П+1, распоредени нормално на изохипсите и ориентирани кон добрите погледи а со тоа и поволната инсолација. Сите овие карактеристики ги користиме како позитивни аспекти за болничкиот стационар како и за хотелските бунгалови.Поради тоа ги издвојуваме болничките и хотелските соби како посебни објекти кои ги поставуваме да ги следат изохипсите на теренот, а потоа ги поврзуваме со топла врска во која се состојат коридорите и дневните боравоци.

Model

6.САНИТАРИИ / 7. САУНА / 8. ПРЕСОБЕКУВАЛНИ / 9. СПА & БАЗЕНИ / 10. ЧЕКАЛНА / 11. РЕЦЕПЦИЈА И ПРИЕМ НА ДОТУР / 12. МАСАЖИ

По истиот принцип решаваме да ги сместиме и болничките одделенија, како и просториите за физикална терапија и спа. Вертикалната комуникација низ болницата се концентрира околу едно јадро наменето за пациентите кои престојуваат во стационарот и посебно јадро за посетителите. На истиот начин се поделени и влезовите на објектите.

Model

13. ЕХО / 14. ЕКГ / 15. СПИРОМЕТРИЈА / 16. АЛЕРГОЛОШКО ТЕСТИРАЊЕ / 17. ЛАБОРАТОРИЈА / 18. ПРИЕМ И ПРЕГЛЕДИ ЗА ЛАБ. / 19. ГЛАВЕН ЛЕКАР И ПРЕГЛЕДИ / 20. ДНЕВНА БОЛНИЦА / 21. КАНЦЕЛАРИИ / 22. АРХИВА

Преку разместувањето на затворените единици на собите (одделенијата) се добиваат различни џебови измеѓу во кои се задоволуваат и различните потребни програми – простори за социјализација, одмор и јадење во болничкиот стационар, а чекални и простори за вработените во одделот за превенција.

Model

23. АПАРТМАНИ / 24. ДВОКРЕВЕТНИ СОБИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ / 25. РЕЦЕПЦИЈА И ФОАЈЕ / 26. САНИТАРИИ / 27. ПЕРАЛНА

Преку отварањето на собите и заедничките простории кон југо – источното осветлување, застапувањето на терасите во болничките соби, просуството на лесно достапните дворови и патеки за рекреација, како и можноста за одделување и затварање на делови од стационарот (карнтин), се создаваат најповолните услови за лечење на белодробните заболувања кај пациентите.

Model

Model

Model

Model

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

Автор на статија: