Јанко Константинов 1926 г. –


Дипломирал на Архитектонскиот факултет при техничката висока школа во Белград во 1952 година на тема Урбанистички план на крајбрежјето на Охридското Езеро, од центарот на Охрид до Билјанини Извори и хотел со покриен пливачки базен кај професор Мате Бајлон.

По дипломирањето се вработил во проектанското препријатие за Македонија “Проектант” во Скопје, каде што останал да работи до 1954 година, кога заминал на едногодишна специјализација во Копенхаген, Данска, каде што работел за архитектите Јакобсен и Расмусен.

Од 1955 до 1958 година работел во Стокхолм, Шведска, во повеќе архитектонски бироа. Во летото 1957 година работел во бирото на Алвар Алто во Јувескула, Финска. Од 1958 до 1964 година работел во Лос Анџелес, САД, во бироата на повеќе архитекти. Во нив работел на проекти за трговски центри, училишта, администратвни и станбени објекти.

Во 1964 година, по катастрофалниот земјотрес, се вратил во Скопје. Тука бил ангажиран во изработката на планот за централното подрачје на градот. Од 1966 година до завршувањето на работниот стаж во 1991 година работел во институтот за студии и проектирање “Бетон” во Скопје.

Се јавува како архитект од општ профил. Од  неговото архитектонско творештво позначајни објекти се:

1955 Сеизмолошка станица во Валандово,

1969 Педагошка Гимназија “Никола Карев” во Скопје,

1970 Средно -медицинско училиште во Скопје,

1974 Телекомуникациониот центар за ПТТ во Скопје,

communist-architecture-skopje

04

 

424648_10151055131041167_609881872_n

 

10001481_647900588590313_483101864_n

1979 Шалтер салата на ПТТ во Скопје,

99346081.zRgEMvfQ

 

57032437.Macedonie_F36

 

posta 3

1998 Хотелот “Александар Палас” во Скопје

new_r2_c7

Hotel Social

Зел учество  во 15 анонимни архитектонски конкурси на кои постигнал забележителни резултати. Проектирал семејни куќи од кои се издвојува вилата на Водно изградена во 1970 година. Посебно го привлекувала сакралната архитектура.

Од оваа сфера на објекти што се во градба се издвојуваат:

1992  Црква во Кавадарци,

1993 Соборната православна црква во Струмица,

1994 Соборната православна црква во Битола,

1997 Црквата во Прилеп

За својот творечки придонес во доменот на архитектонското проектирање ги добил следниве награди:

1970 – Борбена плакета за Педагошка Гимназија “Никола Карев” во Скопје,

1975- Борбена плакета за Телекомуникациониот центар за ПТТ во Скопје,

1975 -11 Октомври, национална награда за уметност и архитектура, за Телекомуникациониот центар за ПТТ во Скопје,

1997- Андреја Дамјанов, награда на САМ, за придонесот во македонската архитектура,

1998 – Големата награда за архитектура на САМ за хотелот “Александар Палас”

Автор на статија: