Плоштад – Гостивар / БИНА

Студио: БИНА

Проектантски тим: Бекир Адеми (управител) , Амине Адеми, Јасна Јовеска, Енис Абовски, Мирсад Адем

Година: 2016

Награда: 1во место на јавен конкурс

На овогодинешниот јавен повик за идејни решенија за изгледот на централното градско подрачје на Гостивар победи проектанската куќа БИНА, во гореспоменатиот состав, под псевдонимот „ПОЛЕ“.

Решението на интересен начин го искористува урбанистичкиот впечаток на полето како иснпирација. Истото го преточува во патерн со кој му дава идентитетски печат на просторот. Лидерот на тимот, младиот архитект  Бекир Адеми е познат на македонската јавност како коавтор на повеќе впечатливи решенија, меѓу кои и на проектот за плоштадот„ Скендербег“ во Скопје.

Во продолжение ви го пренесуваме и текстуалното образложение на тимот:

Pole_01

„Градот Гостивар, кој заслужно го носи епитетот “ГОСТОЉУБИВ ГРАД“ се идентификува  со своите препознатливи архитектонски белези кои  потекнуваат од различни периоди и кои придонеле за општествено културолошката интеграција како на самиот град така и во регионот. Градот со своите потенцијали претставуваше особен предизвик за истражување и оформување на ова идејно решение кое понатаму треба да овозможи основа за редефинирање на урбаната матрица, промена на целокупната слика на центарот на градот која содржи неартикулирани и недефинирани јавни простори, сето тоа во склад со нормите и принципите на современиот начин на живот. Обележјата на градот, особено оние “Традиционалните“ јасно не упатуваат кон фактот дека овие простори не само што налагаат современ третман со елементи од минатото, туку имаат и капацитет да се претворат во препознатливо урбано ткиво коe би започналo од самиот чвор на градот па се до неговите граници.

Pole_02

Карактеристичните зони за средби и собири како места на случувања, претставуваат дел од градската мрежа односно “точки“ кои имаат интенција на спојување. Kарактеристично градската синергијa повеќе расте во летниот период кога всушност населението двојно се зголемува а со тоа се зголемуваат и потребите, пред се културолошките и капацитетот на просторите каде истите се случуваат.

Pole_03

Функционалноста на градската мрежа се дефинира и со проточноста на движењето па така  оформувањето на пешачки “прстен“ станува задолжително.  Овие високофреквентни точки бараат посебен третман, со што во ова решение просторот околу историската „Саат Кула“ се спојува со постоечкиот плоштад на градот кој не е целосно дефиниран, а каде се одвиваат главните манифестации, собири и други активности.

10

Плоштадот кој со новото решение станува центар на “животот“ крунисан со адаптација на просторот кон различни активности е оформен од динамична надстрешница и отворен Аудиториум, а во средината каде што се вкрстуваат повеќето улици и оската на новопредвидената уметничка скулптура се предвидува фонтана со прскалки.  Oд една страна станува атрактивна за деца како главни актери во фокусот на посетителите, додека од друга страна претставува  точка-сцена за разни случувања околу која се развива   гледалиштето.

Pole_04

Значајна улога во дефинирањето на новоформираниот плоштад зафаќа и паркот. Гостиварскиот парк е познат по тоа што во различни периоди трпел промени но никогаш потполно не ја губи својата форма и функција. Тоа претставуваше доволнa причина паркот да го задржи својот првобитен карактер.

Pole_05

Контурите на зелените острови се интегрираат во новиот концепт, како нов додаден слој-патерн инспириран од полето (репер-Полошка котлина). Плодот од ова поле треба да претставува културата, уживањето, натпреварите и метрополитенското доживување на просторот. Овој патерн ја следи и патеката која се предвидува да биде колско-пешачка а во летниот период единствено пешачка. Од истите „клетки“ на патернот со иста логика се оформени жардињери, клупите за седење, самиот парк, водената површина во средината на паркот, како и базисот на новопредвидената скулптура.

Pole_06

Површината за поплочување на улиците, плоштадот заедно со површината на паркот изнесува приближно 15.000 м2. Во однос на материјализацијата Улицата „Борис Кидрич“ и ул.„ Јна“ каде што со посебен режим би функционирала и како колска улица, поплочувањето е предвидено со базалтни или гранитни коцки-калдрма со димензии 10/10/10 см, што е карактеристично за стариот Гостивар, додека пешачките патеки, плоштадот и патеките на паркот со традиционален “Терацо под“ кој зависно од функцијата лесно може да менува и колоритни нијанси.“

9

11

Извор: Бекир Адеми

Автор на статија: