Студентски дом ,,Кузман Јосифовски Питу’’- Скопје 1958

Проектант: проф. унив. Јован Ранковиќ

Година на изведба: 1958
Локација : Скопје
Соработник: канд. арх. Б. Мицевски
Статика: инж. К. Хололчев и проф. Л. Симов
Електрика: инж. И. Владички
Канал. водовод: Групчев
Центр. греење: проф. инж. Х. Фукара
Изведувач: Градежно претпријатие ,,Бетон’’

_______________________________________________________________________________________________

Новата политичка, економска и социјална реалност во градот Скопје после завршувањето на Втората светска војна ќе остави неизбришлив печат во развојот на градот и неговата трансформација. Лудјек Кубеш во 1948та година го изработува урбанистичкиот план за пост-воено Скопје.
Како основа на планот се појавуваат постулатите на модерното движење, вклучувајќи ги принципите на зонирање и нов сообраќајен систем. Скопје, со веќе развиено јадро на десната страна на Вардар ќе биде изложено на забрзана модернизација и напуштање на тенденциите поставени во периодот помеѓу двете светски војни.

02_%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b4
Ул. Димитрија Чуповски (рекорд),  почетокот на ~1950 ©build.mk

Токму во овој период, на просторот на десната страна на Вардар ќе се реализираат огромен број на модернистички објекти со изразени влијанија на интернационалниот стил, со прочистени форми, апстрактна експресија, функионалност на планот, рационализам и др. (Наоди, 2014).
Студентскиот дом Кузман, подигнат во 1958та година од Белградскиот архитект Јован Ранковиќ, стои како тестамент на тој турбулентен и плоден период од развојот на Скопје. Лоциран е на аголот кој го формираат две важни градски артерии: булеварот ЈНА (Свети Климент Охридски) и улица Иво Лола Рибар (Митрополит Теодосиј Гологанов).

03_%d0%b8%d0%b2%d0%be-%d0%bb%d0%be%d0%bb%d0%b0
Ул. Иво Лола Рибар,  почетокот на ~1950 ©build.mk

Архитектонското обликување на самиот комплекс е произлезено од неговата функција, урбанистичките услови и контекстот во кој се наоѓа. Мултифункционалноста на комплексот е јасно видлива во диспозицијата, организацијата и формата која различните волумени ја завземаат. Со варијациите на истите во овој ансамбл се обединети три функионални и обликовни единици : домување и администрација во позадината, прехранбениот дел и социјалните и друштвените простори во предниот дел на комплексот.
Токму поставеноста на овие единици е една од најисклучителните одлики на комплексот. Овде, со целосното вклопување на овие единици во урбаното ткиво се создава микро центар – ,,плоштад” во самиот блок. Високиот габарит на станбениот тракт е повлечен 40 метри од главниот фрекфрентен уличен фронт и е поставен во задниот дел, додека социјалните делови од комплекстот со изразена модерна архитектура се поврзуват и соодвестуваат висински со останатите објекти на уличниот венец.

 

17.11.2016

Организација на комплексот ©марх

Покрај урабнистичките особености на објектот и логичното поврзување со околните објекти, архитектонскиот јазик со кој е обликуван домот е современ и модерен, дефиниран со рационалното решение на функцијата и конструкцијата. Станбениот дел е поделен на машки и женски блок, каде што самата поделба меѓу двата блока е постигната со закосувањето на волуменот кој ја следи улицата Коста Шахов. Оваа дистинкција е видлива и во обликувањето каде што кровната партија во женскиот дел одстапува од ритмичноста и динамиката на остатокот на објектот.

 

situacija

osnova 1%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d1%82-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%85
Основи ©Архитектура урбанизам, број 18, 1962, година III, Белград, ©марх

Балконите кои се наоѓаат на главната фасада  даваат одредена динамичност во строгата ритмичност и повторувањето на фасадните елементи. Со нагласувањето на балконите (чардакот) е потенцирана хоризонталата, а со тоа и пропорциите на објектот во однос на неговата катност. Истите служат и за регулирање и заштита од сонцето, кое му дава извесен регионален архитектонски белег на објектот.

5
Јужна Фасада, нагласувањето на балконите (чардакот)
©Архитектура урбанизам, број 18, 1962, година III, Белград

Односот на кубусот, станбениот тракт, ресторантот и салата за свечености, ја дополнуваат складноста со станбениот дел. Композицијата е современа како во просторното решение така и во решавањето на основата.

Капацитетот на домот е 150 соби со 500 кревети распоредени во еднокреветни, двокреветни и трикревени соби од кои 180 кревети се наоѓаат во женското крило. Собите се ориентирани на погодното јужно осончување и делат заеднички бањи кој се наоѓаат во задниот дел на објектот. Собите по квадратура се економични, а по концепција современо третирани. Во еден дел од крилата организирана е и амбуланта.
Приземниот волумен на ресторанот и кујната е воедно и врската помеѓу двата главни волумени, поврзана со влезниот хол на станбениот тракт. Двовисинскиот простор и посебниот влез придонесува за комфортот на ресторанот.

slika-4
Ресторан ©Архитектура урбанизам, број 18, 1962, година III, Белград

Опшествениот дел на комплексот го претставува лицето на домот и го завзема предниот дел на блокот. Формата на објектот се надоврзува на висината на постојниот уличен венец, но дефинира нов фасаден фронт со асиметрична форма на кровот која е дополнително потенцирана со  исфрлувањето на првиот кат. Ова исфрлување формира трем на ниво на улицата.  Конструкцијата која е одвлечена од фасадата, овозможува целосна стаклена површина на фасадната рамнина позади која се наоѓа најрепрезентативниот простор во објектот: свечената сала. Целосното чиста фасада само говори за имплементирањето на интернационалниот стил во Скопје после Втората Светска Војна.

slika-3
Опшествениот дел на комплексот
©Архитектура урбанизам, број 18, 1962, година III, Белград

slika-5
Пристапот до комплексот ©Архитектура урбанизам, број 18, 1962, година III, Белград

Нажалост токму овој дел од комплексот ќе настрада во катастрофалниот земјотрес од 1963та година. Земјотресот ќе остави и некои помали оштетувања и на главниот објект кои ќе бидат санирани. Ова ќе преставува големо нарушување на целината на комплексот, само пет години од започнувањето на неговото функционирање. Таа локација ќе остане празна се до почетокот на 90те година кога реномираниот архитект Георги Константиновски ќе ја подигне Палата Унија.

%d0%ba%d1%83%d0%b7%d0%bc%d0%b0%d0%bd-1963%d1%82%d0%b0
Штетa по земјотресот 1963та година ©build.mk

palata-unija-georgi-k
Палатата Унија ©марх

Денеска комплексот продолжува да ја извршува својата оргинална функција како најатрактивен студентски дом во самиот центар на градот. Со доградбата на кровната целина над машкиот дел и со рушењето на опшествениот дел од комплексот, целината и првата замисла на објектот е нагризена. Студентскиот дом Кузман, продложува да биде постамент на прогресивното минато во Скопје и дел од исклучителните архитектонски дела на модерната во Македонија.

 

Материјалот го приложија и обработија:  Антонио Грујевски и Мартин Ефремовски