Алкалоид – билкарство

Автор: ?

Година: ?

Локација: бул. „3та Македонска ударна бригада“ – Скопје

Фотографии: Филип Конески

 

Овој објект го имаме во фокусот долги години и „себично“ го чувавме со цел да го промовираме како реоткритие пред македонската архитектонска сцена. Желбата беше да се најде во збирката разгледници „Бетонско Скопје 2“, каде го објавивме и објектот на Македонија Табак, како заборавен бисер на македонската архитектура од втората половина на XX век.

 

 

За жал нашите напори не вродија со плод и покрај контактирањето на компанијата сопственик на објектот, преку телефон,  во писмена и електронска форма. Посакавме да ја видиме проектната документација, да ги дознаеме авторите и годината, да го документираме и да го презентираме на едно повисоко ниво.  Но, не добивме апсолутно никаков одговор.

 

 

Она кое е забележително од погледите на улицата, станува збор за силоси и администрација. Нивната материјализација во бетон, со заоблување на аглите, целиот во белина не асоцира на јазик сличен со неколку објекти во градот.

 

 

Од тука доколку постарите генерации архитекти, се сеќаваат на колегите или можеби авторите го читаат овој текст, би биле среќни да не контактираат со цел да ги пополниме празнините и да го задоволиме интересот за овој не толку познат објект за домашната сцена.