Анимирани објекти/ Илиевски
05.07.2021 • Уметност Фотографија
Година: 2021
Автор: Ико Илиевски
Behance portfolio >>>
Насловна анимација: Споменик срцебиење [Споменик Илинден или Македониум – Крушево]
Избор на значајни објекти од Македонија добиваат одредени анимирани карактеристики. Ако беа живи, растеа или полетуваа, ќе изгледаа вака:
Танц на балкони [Студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје]
Ѕидови што полетуваат [Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје или УКИМ]
Раст на кули [Телекомуникациски центар – Скопје]
Авторот преку анимаациите сака да поентира со тоа дека поседуваме „светска“ архитектура за која не се грижиме и не ја промовираме доволно. На нему својствен начин се обидува да ја вреднува повеќе, преку анимирање во виртуелниот свет.
Апстрактните, модернистичките, бруталистичките објекти се голема инспирација за Илиевски, посочувајќи дека се почесто гледаме како разни уметници, дизајнери, фотографи и архитекти се инспирираат од ваквите објекти во Македонија.
Автор на статија: Filip Koneski
анимации / Велешка костурница / ГТЦ / Македониум / Македонска архитектура / ПТТ / Студентски Дом / УКИМ