Староградска ресенска архитектура

Малиот преспански град Ресен, во документите прв пат се спомнува во XIV век. Секогаш претставувало мало место, но значајно за Преспанската котлина. Како и целата територија на Македонија, така и овој град кон крајот на XIX и почетокот на XX век, со развојот на локалната форма на аристократија, започнува одреден развој. Тоа во архитектурата го забележуваме преку западните влијанија, кои ја дефинираат  староградската архитектура. Преку симбиоза со традицијата се формираат одредени особености.

 

 

Она што е значајно за Ресен е тоа дека во овој град се наоѓа и единствениот сочуван дворец  од  ваков тип во Македонија, форма карактеристична за Западна Европа. Сарајот во Ресен, се смета и за најубавата неокласична градба во земјава.  За историјата на овој објект можете подетално да се информирате во архивираните објави на нашата страна.

Викендов имавме можност да го посетиме Ресен и да документираме дел од староградската архитектура. Во денешната објава уживаме во  фотогалерија од градот, со ветување дека повторно ќе се вратиме во Ресен.

 

 

 

Фотографии: Филип Конески 2026

 

Ресенскиот Сарај

Сарај – Ресен /фотогалерија/