Анкетен лист за надминување на проблемите со надлежните институции при изработка на Проектна документација, добивање на Одобрение за градење или пуштање на објект во употреба
21.03.2023 • Информации
Како професионалци веќе подолго време се соочуваме со низа проблеми, потешкотии и несогласувања со надлежни институции при изработката на Проектната документација и целокупниот процес на добивање на одобрение за градење, како и во целокупното времетраење на изградбата на објектите, па се до нивното пуштање во употреба.
Истите може да се во насока на несоодветно толкување на законската и подзаконската регулатива или одредбите од издадената Планската документација, неусогласености во разичните законски регулативи, издавање Извод од план со непотполни информации, непотребни или несоодветни барања за дополнување на Проектната документација, долготрајни процедури и надминување на законски предвидените рокови без соодветно објаснување и слично.
Во интерес на надминување на тие проблеми кои ги отежнуваат проектантските процеси и процесите на изградба на објектите, а во насока на подобрување на условите за работа на архитектите, во прилог испраќаме анкетен лист каде ќе може да ги посочите вашите негативни искуства.
Добиените податоци ќе бидат обработени од страна на КОАИ и ќе се користат исклучиво за преземање на активности за надминување на овие проблеми, со задржување на анонимноста на давателот на информацијата.
Вашето учество во анкетата е од особено значење затоа Ви благодариме на соработката!
Со почит,
Одделение за Архитектура при КОАИ
Автор на статија: Filip Koneski
анкетен лист / КОАИ / Одделение за архитектура / проблемите со надлежните институции