Aпел за заштита на турбето на Гази Баба

 

Ни пристигна видео кое укажува на очајната состојба на турбето на Ашик-Челеби за нас повеќе познат како Гази Баба. Иако ова е реконструиран објект од 2013, сепак станува збор за историски споменик и гробно место на еден од првите османлиски литерати и поети, кој низ историјата привлекувал посетители од различни краеви на светот. За објектот веќе имаме пишувано во посебна објава:  Турбе на Ашик-Челеби – Гази Баба / XVI – ХХI век

 

 

 

 

Споменикот со години е во сѐ полоша состојба поради вандализам, а на последното видео забележуваме дека дури е оштетен самиот гроб на Гази Баба. Според вебсајтот на Конзерваторскиот центар – Скопје тие имаат извршено увид на објектот пред неколку години, но на терен сѐ уште нема никакви подобрувања.

Апелираме за соодветна заштита и оживување на овој значаен споменик, како и соодветно информирање и едуцирање на посетителите за значајноста на Ашик-Челеби. Негрижата и недостатокот за почит кон неговото гробно место првенствено се должи на третманот и организацијата на истото. Моментално како посетител воопшто не се чувствувате дека посетувате меморијал за значајна историска личност, недостатокот на било какво одржување или партерно уредување укажува на место кое е заборавено од институциите. Дополнително железната ограда околу објектот повеќе го прави интересен предизик за прекршување на правилата отколку што вистински го заштитува.