Архитектонска работилница за деца: МУЗЕИТЕ НА СКОПЈЕ

По повод четвртиот роденден на Europe House Скопје, како и 60 годишнината од скопскиот земјотрес, ве покануваме на Архитектонска работилница за деца: МУЗЕИТЕ НА СКОПЈЕ.

Четирите значајни скопски музеи, – Музеј на град Скопје, Даут-пашин амам, Музеј на современата уметност и Музеј на Македонија, ќе бидат предмет на работилницата. Работилницата е наменета за 24 деца на возраст од 7-11 години, во 4 групи, кои ќе ги водат архитектите Маргарита Поповска, Милка Черепналковска, Маја Доновски Лукаревска и Мартина Петковска.

Најпрво накратко ќе се зборува за историјата и важноста на секој музеј поединечно, а потоа секоја група ќе работи на својот музеј, каде децата со разни техники – колажи, цртежи, макети и сл. ќе го прикажат своето решение на поставената задача.

Пополнете го формуларот за регистрација: https://shorturl.at/hloIY

Извор >>> 

 

Автор на статија:

/ / / /