АРХИТЕКТОНСКИ КОНКУРС НОВА ПРОСТОРНА РЕАЛНОСТ НА ГРАДОВИТЕ – ПОСТ КОВИД-19

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје„ и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија распишаа отворен и анонимен меѓународен архитектонско урбанистички конкурс. Конкурсот е чисто академски и неговата главна цел е да иницира информирана дебата за новите концепти и парадигми кои ќе ја обликуваат иднината на градовите.

Проектантскиот предизвик на овој конкурс е да се замисли новата просторна и социјална реалност во нашите градови, да се истражат нови концепти или да се преиспитаат постојните концепти во архитектонското проектирање и урбанистичкото планирање, кои се покажаа како застарени за општеството пост Ковид-19.

Во овој натпревар на идеи може да се вклучат сите архитекти, урбанисти, дизајнери, студенти по архитектура и поединци заинтересирани за темата, од целиот свет.

Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје ќе управува со целата комуникација, регистрација и доставување предлози. За повеќе информации посетете ја веб-страницата на конкурсот: https://newspatialreality.com/