MEDS workshop “Meeting of Design Students”-Revival Silesia / ПОВИК ЗА ТУТОРИ!

Што е MEDS workshop?

MEDS workshop “Meeting of Design Students” е интернационална платформа за млади архитекти и дизајнери,која секое лето се одржува во различна земја. Во периодот од  24 јули до 8 август 2020 година ќе се одржува работилницата во Катовице, Полска под тема Revival Silesia. Работилницата се состои од 15 различни проекти кои ќе бидат реализирани во рамките на зададените датуми од страна на тутори, на кои ќе присуствуваат учесници од 40  различни националности, со вкупен број на 200 студенти на архитектура ,дизајн..и дипломирани архитекти, дизајнери и др. од креативната област.

Силесиа

Силесиа има комплетно различна историја од другите региони во Полска и скоро 600 години регионот не припаѓал на Полска, се до крајот на првата светска војна..

Од 9век, Горна Силесиа припаѓала првенствено на: Голема Моравија, Бохемија, Пиаст кралството, повторно на кралевите од Бохемија и Римското царство, и подоцна на Хабсбуршката монархија, кралството на Прусија и Германското кралство покасно..После втората светска војна е присвоена од страна на администрацијата на Република Полска. Како што може да се види нивната историја е многу интересна, и оваа година се нуди можност да се истражи повеќе. Идентитетот на Силесиа е со силна врска во регионот и повеќе од 800.000 жители се искажуваат како  различна нација од Полската.

 

REVIVAL

Урбаниот и архитектонски контекст на Силесиа како индустриски простор за рудници, фабрики и топилници се препознатливи како идентитет за Силесиа. Индустрискиот контекст и идентитет им дозволува да рефлектираат на причините на трансформацијата, која веќе има завземено место и таа која потенцијално може да се појави во иднина во Силесиа.     



Контекстот, идеднтитетот и трансформацијата, се трите главни категории за MEDS REVIVAL кои носат тема преку три главни полиња на интервенирање преку дејствување: екологија, ревитализација и социјален аспект.

 Екологијата- Дејствување преку променатата на размислувањето од комерцијално-индустриски во одржлив развој. Што е воедно и физичко (креирање екопријателски проекти кои ќе бидат изложени на јавен простор) и ментално, да се иницира поинакво размисување и пристап од страна на локалните жители кон актуелнава тема.

 Ревитализација- Се однесува на обновување на историските простори и врќајќи ја нивната употребливост- живост од страна на дизајнерите и архитекти за жителите.

Социјален аспект- се однесува на работилниците кои ќе служат за поттик на жителите во градовите во Силесиа да се инволвираат во промените кои ќе бидат направени во најблиската околина од страна на MEDS учесниците и станарите преку заедничка работа и размислување како би се променил изгледот на  станбените атриуми во Катовице .

Полскиот тим се надева дека  импактот на овие промени,ќе резултира  со обновен идентитет за жителите и ќе бидат горди што потекнуваат од Силесиа преку импликациите кои поттекнуваат од мешање на старото со обновеното.

ПОВИК ЗА ТУТОРИ

Отворен е повик за тутори од 1 декември до 18 јануари. Учеството со предлог проект е бесплатно и доколку сте одбрани како тутор, во март тимот на медс ќе стапи во контакт со вас и ќе треба да се подмири трошок од 100е (појадок и вечера, сместување, материјал и опрема за 2 недели во Катовице, Полска) Вашето присуство е задолжително за времетраење на работилницата. Доколку сметате дека имате креативна визија и насока за реализација на проект, водење партиципанти и работење во група, овој повик е за вас.

Доколку ви се потребни подетални информации, можете да се обратите на овој е-маил: meds.macedonia@gmail.com

Повеќе информации за аплицирање ќе најдете тука  https://drive.google.com/file/d/1YEipBxquaw1JxafjXnXH46a-vS0he66k/view

Следете ја фб страната:

https://www.facebook.com/medsworkshop/

Официјална страна на MEDS

http://medsworkshop.com/