Архитектонско и урбанистичко решение на нов студентски кампус / Баџакова, Атанасоска

Автори: Константина Баџакова | Робертина Атанасоска

Архитектонско студио IX/3 | IX семестар 2022/2023 година

Раководител: проф. др Михајло Зиноски

Соработници: асист. м-р Јана Брсакоска, Игор Котларовски д.и.а, Наташа Тодоровска Пренк д.и.а, Оливера Ќоќоровска Митиќ д.и.а.

Универзитет “Свети Кирил и Методиј” – Скопје | Архитектонски факултет, кабинет за проектирање општествени згради

 

Во време на енормна експанзија на градот Скопје, во централното подрачје,  покрај реката Вардар  е оставен и заборавен еден простор кој се јавува како празнина-шуплина во урбаниот контекст на градското ткиво.

 

 

 

 

Атрактивната локација се наоѓа на променада по чија оска се сместени  важни обележја од модерната архитектура; оска која од двете страни е притисната со две големи “спални соби ” и настојуваме да го продолжи континуитетот на јавниот карактер. За воспоставување баланс помеѓу зоните на домување и јавната оска, предлагаме решение на студентски дом со кохезија на различни намени.

 

 

 

Зошто студентски дом?

Соочени со недостатокот на капацитет за сместување во веќе постоечките студентски домови,  при предходни анализи  утврдивме дека позицијата на локацијата во однос на студентскиот кампус, факултетите, младинските збирни центри и транспортниот центар како клучни референтни точки, има потенцијал за студентски дом.

 

 

Тргнувајќи од студентот како кориснинк произлегува проектот кој има за цел да обезбеди хуман простор за живеење. Објектот расчленет во волумени ненаметливо ја следи силуетата на левиот брег на реката Вардар, истовремено оставајќи проточно движење.

 

 

Главниот влез нагласен со трем излегува кон булеварот – најфреквентната страна на локацијата, како и јавните содржини кои се развиваат на приземно ниво и мезанин. Домувањето е сместено во три блокови, кои се вовлечени кон внатрешноста и изолирани од бучавата на булеварот. Ориентацијата на собите кон атриумските дворови ја задоволува потребата на интимност, а близината на блоковите буди чувство на припадност и безбедност на студентите во една заедница. Додека заедничките простории за одмор и социјализација се ориентирани кон променадата, поврзани со проодни тераси, кои го следат правецот на реката Вардар.

 

Со материјализацијата правиме дистинкција помеѓу јавната зона – застаклена и станбената зона – обвиена со перфорирани метални панели.

Идејата е да се постигне дематеријализација на долната зона и хомогени кубуси кои “лебдат” во просторот.