Победник на конкурсот за новиот музеј Беса во Тирана / Oppenheim Architecture

Локација: Тирана, Sarajet e Toptanëve

Автори: Oppenheim Architecture заедно со Ralph Appelbaum Associates

Година на проектирање: 2024

Извор: Archidaily

Oppenheim Architecture е победник на меѓународниот конкурс за дизајнирање на новиот музеј Беса, лоциран во Сарајет е Топтаните ( Sarajet e Toptanëve), комплексот палати на благородничкото семејство Топтани, изграден помеѓу 1833 и 1840 година, зграда лоцирана во центарот на Тирана, која е претставник на народната архитектура од 19 век, дом на едно од најисториските семејства во земјата.
Проектот е одличен пример на дијалог на модерната и традиционалната архитектура.

Новата културна институција ќе биде домаќин на богатото наследство на земјата, а името го носи според албанскиот концепт „беса“ и улогата што ја одигра во помагањето на Евреите да го преживеат Холокаустот. Новата институција ќе биде сместена во „Поранешна куќа на семејството Топтани“, зграда лоцирана во центарот на Тирана, која е претставник на народната албанска архитектура од 19 век, дом на едно од најисториските семејства во земјата.

Новиот музеј е поделен во два дела, старата традиционална архитектура и еден подземен простор. Ќе вклучува изложбени простори, архиви, аудиториум и едукативни простори, како и новоизградено крило под надворешното огледало на дворот што е дизајнирано да ја отслика организацијата на оригиналната отоманска структура со простории изложени околу централниот простор наречен Ода. Во дворот на историскиот станбен комплекс ќе има и збир на светло-црвени монолити наменети да ги привлечат посетителите од околниот град. Скулптурните кули имаат дополнителна функција да донесат светилници на светлината на новото подземно крило, дополнително нагласувајќи ги експонатите.

Проектот – поддржан од Министерството за култура на Република Албанија – ќе ја обнови и надгради постоечката историска зграда во комплексот замок во Тирана, блиску до пирамидата во Тирана од 1988 година во бруталистички стил.