„Бетонско Скопје“ на Fashion & Lifestyle Expo 2019

Од 20-22 март во Македонската Опера и Балет ве очекува уникатна синергија од креативност и инпсиративни приказни кои без сомнеж ќе ви отворат нови хоризонти и ќе ве воведат во длабочините на уметноста и иновацијата – четвртото досега најдобро издание на единствениот lifestyle настан во нашата околина Fashion & Lifestyle Expo.

Овогодинешните изложувачи на настанот ќе ги претстават своите најнови производи и услуги. Несомнено, фоајето на МОБ ќе биде преплавено со иновација и естетика – од дизајн на автомобили, ексклузивен мебел, накит и аксесоари, моден дизајн, луксузна козметика за дамите и уникатни додатоци за господата па се до егзотична храна и пијалоци.

Програмата е внимателно креаирана како би дала простор на младите креативци да ги доближат своите автентични идеи до публиката. Оваа година, како главна тема која ќе се проткајува низ настанот е #Градот Скопје – единствениот град во Македонија кој им припаѓа на сите. Скопје во неговото минато, сегашност и иднина. Идејата е да ги прославиме убавите работи на нашиот главен град, да дадеме акцент на проблемите со кои се сочуваме, да направиме илустрација и да прераскажеме што е она што секој пат ни буди чувства и спомени – да дадеме акцент на искрата на нашиот главен град коja неуморно се бори со сето сивило.

Ќе го доживееме Скопје низ призмата на музиката, фотографијата и литературата – ќе пулсираме во ритамот на еден од најстарите инструменти на светот, ќе се едуцираме за есенцијата на музиката; ќе го видиме одново градот преку призмата на нашите фотографи; ќе патуваме низ историјата и ќе го продискутираме сегашното Скопје перцепирајќи ги објектите и нивните обликовни изрази; ќе навлеземе во светот на пишаниот збор и она зад него и ќе вдахнеме свежина во македонската книжевност преку промоција и разговор со наши добро познати автори.

5 различни сцени, над 40 учесници во програма, 7 изложби, и многу музика во вечерните часови…

ГРАДОТ СЛУША

15:00 Ајде да свириме! | Skopje Drum Talks
16:00 #ГрадотСлуша: Жени Фронтмени | Жени Фронтмени (Svetlana Jovanovska, Елени Мицковска, Leana Thaqi, Kalina Velkovska, Natasha Miha)
17:00 Приказната за Сувенири од Скопје | Suveniri od Skopje
18:00 „Напуштени можности“ преку примерот на Град Скопјe | Cultural Echoes
19:00 Pre – opening | Hyundai: Driven by Design
20:00 Отворање
20:30 Александра Илијева
21:00 Модна Ревија | Atelier Per Sempre
21:30 Andrej Micajkov

ГРАДОТ ШКРТКА

15:00 Првиот стрип на Blade Runner | comics.mk
16:00 Doodle уметност-откривање на значењето и примената | Ивана Горичан
17:00 Мake a character design | Shemko Illustrations
18:00 Запознавање со акварелот како ликовен медиум| Бранкица Јордановска

ГРАДОТ УБАВ

16:00 In front & behind the scene: Hyundai: Driven by Design | Kariera Plus
18:30 In front & behind the scene: Per Sempre | Kariera Plus

Четврток 21/03/19

ГРАДОТ ГЛЕДА

15:00 #ГрадотГледа: Во светот на фотографијатa | Vase Amanito, Ani Dimi, Erina Bogoeva, AAAESTHETE – Александра Костадиновска, Kristina Nanovik
16:00 What do you see? Send a message! | Centar za obuka EVA
17:00 Од идеја до филм | Minimal Creative Collective и List Production
18:00 Бетонско Скопје / МАРХ – македонска архитектура | Марх Македонска Архитектура
19:00 Приказни за градот | This City Knows
20:00 Градот и НОЌТА
20:30 Перформанс – Kovski Art
21:00 Fashion Performance | MALAKAMILA
21:30 InThe Mood

ГРАДОТ УРБАН
16:00 „Сакам да кажам“ | House of style by Sani
17:00 Модна илустрација | Di ArtBar
18:00 Бран од мода и уникатност | Branchella

ГРАДОТ УБАВ
15:30 Нашминкај се сама | Skola za ubavina ART
16:30 Убавината пред сѐ | Bellina Парфеми и козметика
17:00 Убавината не е минлива | BABOR
17:30 Who are you? Wear your personality! Makeup & Hair transformation | Centar za obuka EVA
18:30 What’s your style ID? Show it! Runway makeup & hair: Мала Камила | Centar za obuka EVA

Петок 22/03/19

ГРАДОТ ЧИТА
15:00 #ГрадотЧита: Пишаниот збор и непишаното околу него | Ana Golejshka Djikova, Vera Kalinn, Davor Stojanovski, Stefan Markovski, Vladimir Lukash
16:30 Промоција на „ДЕТОКСИКАЦИЈА НА УМОТ предизвик во 21 ден“ | Култура – Во светот на книгите
17:30 Шот: уметност од миксологија | Shot.mk
18:00 DJ Fici
19:30 Hyundai: Driven by Design – Award Ceremony

ГРАДОТ МЕЧТАЕ
16:00 Креативно патување| Iva Creativa
17:00 Plan | Think | Dream | Do | Ava Papun

ГРАДОТ УБАВ
16:30 In love with perfection | Др. Грандел
17:00 Демонстрација на вечерна шминка | Школа за убавина АРТ

Галерија | 20 – 22.03.2019
Driven by Design: изложба на финалисти
Ивана Горичан
Блашка Mи Ева
Драганчо Божинов
Андријана Мациев
Art of Bane
Сања Симоска
Ертунч Сали

Извор >>>

Автор на статија:

/ / /