„БЕТОНСКО СКОПЈЕ“ вечер на БЕЛА НОЌ
06.10.2018 • Информации Фотографија
Почитувани, вечерва од 20 часот во МКЦ ( Апотека) ќе се пуштат официјално во продажба првиот сет разгледници (15 во пакување) од проектот „БЕТОНСКО СКОПЈЕ“. Истите, само денес ќе можете да ги набавите по промотивна цена од 500 денари, во ограничена количина, а од понеделник по редовна цена.
Проектот „Бетонско Скопје“ цели да го документира постземјотресното градителско наследство на Скопје и од него да создаде достоен сувенир, кој покрај визуелната перцепција ќе понуди податоци за авторот на делото, година кога е создадено и неговата локација во просторот. Заинтересираните ќе можат да дознаат повеќе за објектите следејќи го линкот кој води до нашата страна.
Во изборот на објекти покрај јавно популарните ( од поинаков агол), внесуваме и помалку афирмирани со цел нивна реафирмација,. Вечерва во сетот очекувајте разгледници од првиот избор : УКИМ, гимназија „Јосип Броз – Тито“, Меморијален споменик „26ти јули“, Медицински училишен центар, НБРМ, Веена болница, МОБ, Песталоци, Народна и универзитетска библиотека, Студентски дом Гоце Делчев, Градски ѕид, ПТТ, Железничка станица, објектот на Македонија Табак, и станбената кула на Партизанска.
Воедно Ви го најавуваме и вториот сет, на избор од други 15 објекти и локации од Бетонското Скопје, кој се очекува да излезе во продажба до 13ти Ноември 🙂
Автор на статија: Filip Koneski
Concrete Skopje / Апотека / Бетонско Скопје / Град Скопје / МКЦ / Прва серија / Разгледници