BIG го презентира проектот за новата Опера и Балет во Приштина
05.02.2025 • Од регионот
Регионот не престанува да изненадува со својата решителност за создавање на нови архитектонски икони. Светски познатото данско студио BIG – Bjarke Ingels Group, го објави дизајнот за новата Опера и Балет во Приштина, Косово.
Вчера на своите социјални мрежи го образложија следното:
„Со големо задоволство го споделуваме дизајнот за зградата на Операта и Балетот во главниот град на Косово, Приштина! 🎭✨
Дизајниран од BIG во соработка со Alb-Architect, театарот ќе има четири сали и нов јавен плоштад. Симболизирајќи го богатото и разновидно културно наследство на земјата, тоа ќе биде првиот театар од ваков тип во Република Косово, кој ќе го одразува новиот идентитет на Приштина, заснован на креативноста и посветеноста на уметничкиот развој на земјата.
Театарот ќе биде сместен до Палатата на младите и спортот, стадионот Фадил Вокри и Министерството за јавни услуги, придонесувајќи за динамичен нов културен коридор во срцето на градот.
„Ние сме длабоко почестени што ни е доверено да го дизајнираме новиот дом за изведувачките уметности во земја која му подарила на светот големо културно влијание во оваа сфера. Нашиот дизајн за Операта и Балетот на Косово е дизајниран како „ефикасна фабрика“ за производство на уметнички изведби. Рационалното јадро е обвиено со континуирана надстрешница, создавајќи ангажиран јавен простор отворен во сите насоки. Валовитиот кров создава проточен и пријатен гест, кој потсетува на Xhubleta, дел од традиционалната носија карактеристичка за Косово.“
Извор: Facebook BIG
Автор на статија: Filip Koneski
Alb-Architect / BIG / Bjarke Ingels Group / БИГ / Косово / Опера и Балет / Приштина