Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост / Џидрова
18.07.2018 • Студентски проекти
Година: 2018
Семестар: VIII
Проектна задача: Проектирање на општествени згради – Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост
Предмет: Архитектонско студио 8.2
Автори: Марија Џидрова
Педагошки тим: Вон. проф. Михајло Зиноски, сор. Маја Даскаловска, сор. Александар Ѓорѓиев
Локација: Велес
Во фокусот на оваа тема по предметот архитектонско студио 8.2 се лицата со физички попречености за кои е потребно да се проектира соодветен центар за рехабилитација.
Сл. 1 – Ситуација
Земајќи ги предвид потребите на овие лица како и зададената локација во паркот покрај реката Вардар во Велес, каде не постојат високи структури и каде доминира парковско зеленило и природа, предложено е ниско и транспарентно решение кое не би ја нарушило постоечката атмосфера.
Сл. 2 – Концепт
Сл. 3 – Концепт
Сл. 4 – Концепт
Објектот е поставен помеѓу игралиштето и реката Вардар, во парковско зеленило, со цел целосно отварање на визурите, полесен сообраќаен пристап и директен контакт со игралиштето.
Сл. 5 – Основа на подземно ниво
Сл. 6 – Основа на приземје
Сл. 7 – Основа на кат
Концептот се развива како 3 „брода“ во кои се сместени различните програми со акцент на заедничките простории: хидротерапија, кинезитерапија и докторски ординации и болнички соби. Во основа објектот претставува решение на отворен план со целосно ослободено движење во подолжен и попречен правец и директен контакт на различните програмски простории. Приватноста се постигнува со соодветно поставување на лесни полутранспарентни прегради кај главната програма и полни прегради кај болничкиот и административен оддел. Пристапноста до следното ново се одвива со рампи, скали и лифтови.
Сл. 8 – Пресек 1-1
Сл. 9 – Пресек 2-2
Конструкцијата е замислена како просторен систем од армирано бетонски столбови и греди со стаклена фасадна обвивка и сводно застаклено покривање.
Сл. 10 – Изглед
Објектот е замислен во конструктивистичко-техницистички стил.
Сл. 11 – Аксонометрија
Сл. 12 – Монтажа на макета
Од студентот
Автор на статија: Martina Shteriova
Архитектонско студио 8.2 / АФС / Велес / Студентски проект / Центар за спортови и рехабилитација