Црквата „Св. Константин и Елена“ е најуспешното реализирано архитектонско дело за 2025 година
27.12.2025 • Информации
Вчера, Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, свечено ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2025 година (ГГН).
Во конкуренција за наградата беа четири објекти и тоа:
- Индивидуална станбена куќа во Бардовци–студио „Инженеринг Инпекс С.А.“, Скопје; автори: Искра Арсова и Мишо Арсов
- Детска градинка во Делчево– студио „Квадар“ Скопје; автори: Билјана Петрова, Марија Костовска и Милица Касапинова
- Детска градинка во населба Пролет Скопје– студио „ИНКОМ Инженеринг“, Скопје; автори: Снежана Костовска и Билјана Кубуровска, консултант Игор Котларовски
- Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли Цар Константин и Царица Елена“, Скопје– студио „Лелелеле“; автори: Искра Лековска и Владимир Лековски
Добитник на ГГН на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 е Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје на авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“.
Наградата на добитниците им ја врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
На свеченоста таа порача: „Архитектурата, како триаголник на наука, уметност и општествен ангажман, има суштинско влијание на убавината и функционалноста на јавниот простор, односно врз квалитетот на урбаното живеење.
За авторите на награденото архитектонско дело, црквата ‘Св. Константин и Св. Елена’ е метафора за македонската колективна меморија и идентитет и ја персонифицира хармонијата меѓу небото и земјата, духовното и световното, традицијата и современоста.
Честитки до добитниците!
За црквата Св. Константин и Елена, можете повеќе да прочитате на следните линкови:
Осветена црквата „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје
Архитектурата како молитва во материја / интервју со Студио Лелелеле
Фото: Борис Јурмовски
Автор на статија: Filip Koneski
2025 / Владимир Лековски / ГГН / Голема годишна награда / Искра Лековска / Лелелеле / Св. Константин и Елена


















