Разговор со ДАВОР КЕШЌЕЦ / Генерација Z

Генерацијата Z може да се опише како „следната креативна класа“ на млади уметници, музичари, фотографи, архитекти, режисери и инфлуенсери коja со нетрпение чека да го искаже својот глас во новата декада на креативни содржини во Македонија.

Обликувана во ерата на светската глобализација, со интернет и smart-технологија од рана возраст, Зумерите се вистински дигитални домородци драстично различни од своите претходници, Милениумците и Бумерите.

Во македонски контекст Зумерите се специфичен композит, создадени во целосна независна македонска држава, обликувани во пост-конфликтен и транзиционен период, со додадени адитиви на Скопје 2014-та и Шарената револуција.

Слободоумна генерација која е во постојан конфликт со локалните идеолошки догми. Црпи инспирација од западните уметнички трендови, како и од Јапонските креативни продукти. Со голем интерес за глобалните теми како јавниот простор, загадувањето и климатските промени.

Давор Кешќец е млад артист од Скопје, меѓу првите креативци од новиот Зумерски бран во градот. Развива сопствен стил, длабоко инспириран од поп-артот и рокенролот, кои се културни феномени на тотално различна ера.

Дел е од проектите на МКЦ за поддршка на уличната уметност, како што се: „Градот убав“ – прва галерија на отворено за урбана и графити уметност во Скопје и „Бетонските постаменти“.

 

 

Давор колку е голем предизвикот да се твори во денешниот општествен и социјален контекст во Македонија, особено како дел од новата генерација?

 

Неам шо паметно да кажам на ова, предизвик е од аспект на публиката колку уметноста и културата допира до нив и колку ќе го сватат тоа што го твориш, со оглед на тоа дека нашето општество освен што е затруено од воздухот туку и од политика која секојдневно е главна тема на нашиве телевизии. Секојдневно даваат политички емисии кај шо се јавуваат едни исти луѓе и едни исти луѓе идат по дебати, а од друга страна се Гранд и турски серии…

Жалам само што многу наши истомисленици си отидоа од државава, пошо да беа тука ке бевме побројни во борбата против сељачизмот.

 

Можеби најголем предизвик на секој кој се бави со естетика и уметност во 21-виот век е пронаоѓањето на индивидуалниот стил. Историски, како дојде до креирање на сопствениот?

 

Ќе да е, али тоа не треба да значи дека треба да се дипломира со ископирани ствари од интернет.

Кај мене уметноста никад не била страна ствар, започнувајки со аматерските репродукции на дедо ми па татко ми со слики во стил сличен во кој ја сеа творам. Цртам од возраст коа сите деца почнуваат да цртаат само шо ја продужив да цртам. Веќе на 12 години почнав да цртам графити, но не беше тоа за мене ми беа потребни многу време и пари за еден графит па така полека дознав за праење шаблони и почнав со тоа под псевдонимот BRK?, ми се виде многу побрзо и поевтино а и веќе сакав да пренесам некоја порака па така можев истата ствар да ја пренесам поише пати на различни локации, но тоа беше до мои 16 години кога веќе ROCK N ROLL-от ми влезе под кожа.Од тогаш веќе ги имав првите скици во овој стил у кој и сеа творам. Со тие дела се пронајдов во кубизмот и поп-артот, во кубизмот во однос на прекршувањето и геометризирањето на формата а во поп артот во однос на црната контура, чисти линии и рамномерната боја. И се тоа зачинето со Rock n Roll лајфстајлот кој и е содржина на мојата ROCK N ROLL уметност.

Ја првин почнав да правам слики, без никаква умисла тоа да биде некаков микс од два различни правци. Ако беше обратно веројатно немаше да биде микс него ќе беше определување во само еден правец што ќе беше веќе видено и досадно. Некој викаат дека треба првин да се дипломира па после да се определиш шо како ке твориш, ја не сум за тоа пошо за мене уметноста е некоја потреба која треба да ја исфрлиш од себе или имаш таква потреба или не.

 

 

Обично поп-артот се користел како средство за борба против тогашните воспоставени уметнички традиции, дали и против што се бори твојата уметност?

 

Се пронаоѓам во делот на поп-артот каде што се јавува како реакција на апстрактниот експресионизам, некако се наоѓам и ја у таква ситуација кај што повеќето уметници се бават со апстракција, експресија или па со некој реализам, кич, со некој експерименти, истражувања, електроника, а малкумина у делата даваат дел од себе.

 

Факт е дека уличната уметност е опасно пропагандно оружје, како истата да ги пренесе вистинските, а не лажните пораки и вредности до масата?

 

Со проекти и настани како “Градот убав “, бетонските постаменти, муралите низ градот, каде што сепак има некоја селекција каде што ке се исфилтрираат лажните пораки и вредности. Обично тие што се бават со улишна уметност не им е дојдено до лажни пораки, тоа го праат оние партиски војници кој лепат плакати, кршат штабови, и шкртаат на било кој ѕид без оглед на тоа на него дали има веке нешто нацртано.

 

 

Тешки опинци сé уште го газат убраниот, ликовниот и архитектонскиот простор на Скопје, возможно ли е естетско воскресение на градот во оваа драстична фаза?

 

Шо би рекол цане од Партибрејкерс, код нас све може кад сељаци коло воде.

Кај нас се е могуче, мислам дека да бидејки голем дел од генерација Z што ја спомна се згрозени од сите овие срања шо се напраени и шо се дешаваат кој се оставени на нас, па се надевам дека ке успееме некако да направиме градот убав пак да никне.

 

Враќање на стариот дух на Скопје или креирање на сосема нов?

 

Нов. Нема враќање, тоа е тоа, овде и сега.

Идеме даље, од прошлоста треба само да научуме што е добро а што не и да не ги праиме истиите грешки у иднина.

 

 

Омилен архитектонски простор или дело во Македонија?

 

Се дур не се деси Скопје 2014-та не обрнував многу внимание на архитектурата, од коа почнаа да се дешаваат тие ствари и префасадирања на објектите сватив колу тие објекти се значајни за архитектурата во Скопје.

Како дете израснато у центар ми кажуваа дека најдобрата вода од чешма е таа карши музеј на град Скопје па таа ми беше омилена, каде што се сеа двете барокни палати на некои си министерства, таму порано имаше паркче со дрва, клупи, скулптури и секако чешмата, али јеби га сеа више нема. Тоа е еден од просторите што највише ми фали.

Што се однесува за омилено архитектонско дело, секако ГТЦ. Најпрактичен, наједноставен ,истовремено и најголем трговски а сепак совршено ускладен со градот.

Го сакам ГТЦ.

 

 

Кој ѕид најмногу би сакал да го „ишкрташ“ во градот?

Коа си влезен во улична уметност сакаш да црташ на сите ѕидови, сите празни ѕидови ги гледаш со свое дело. Има многу грди зидови у Скопјево кој би требале да се исцртаат. Коа би требало да изберам еден ете нека биде уште еден мурал на ГТЦ како еден од моите омилени објекти.

 

Претпоставувам дека љубовта кон рокнролот ти е втемелена од твојот татко, водечкиот вокал на култниот бенд  D’Daltons. Креативниот инпут на музиката како резултат на твоето специфично животно опкружување е несомнено забележана во твоите дела, односно како беше да се расте со Дарко (факинг) Кешќец?

 

It’s been a hard day’s night.

Па ја скоро до 8 години имав видено се шо треба и не треба да се види, цигари, алкохол, дрога, тепачки, свирки, концерти, проби….Поготово у период коа се снимаше албумот и спотовите на кои и сум бил таму дур се снимале, али увек коа имало некоја таква пиздарија ми викаше глеај и учи како не треба. Тие ствари  до догаш и траеа, после тоа имаше периоди коа сме спиеле на земја, коа у сред зима сме немале струја. Било па прошло, не глеам на тие ствари као некоја траума од детство и до ден денес не е баш сјајно.

Што се однесува до стилот и музиката никад ништо не ми бранел, само ми посочувал на најбољите ствари у тоа поле. Кога бев 6-то одделение цртав графити и слушав рап, он тогаш ми ги кажа Cypres Hill, Beastie Boys, Hause of Pain, па после почнав со Rage Against The Machine, Ramones, Sex Pistols, Тhe Clash….Највише ми се засвиѓа стилот на  Тhe Clash кој има влијание од Rock a Billy. Така почнав и да слушам Rock a Billy и 50’s Rock n Roll и музика што има влијание од тоа како: Stray Cats и The Cramps, секако ова не ми беше нешто ново со оглед на тоа дека татко ми е еден у првите Rock a Billy у Скопјево. Сакам да кажам дека сам си одлучив да слушам тоа што слушам и да бидам ова што сум.

Иначе у моментов иде Тhe Clash у позадина, I’ve been beat up, I’ve been thrown out But I’m not down, I’m not down I’ve been shown up, but I’ve grown up And I’m not down, I’m not down….

Сега поише сме нафурани на Манчестеер школа, Oasis и Liam Gallagher.Тоа би било тоа ако идам у детаљи ке треба книга да напишам.

И за крај: Please don`t put your life in the hands of a Rock n Roll band who`ll throw it all away.

 

 

За да дознаете повеќе за Давор следете го линкот >>>