Дебата на тема “Трансформација“ организирана од BIG SEE (најава)
16.03.2024 • Информации

BIG SEE Македонија организира дебата на тема „Трансформација на модернистичкото архитектонско наследство“.
“Објектите од постземјотресната обнова на Скопје после 1963 година, меѓу кои и извонредни примери кои претставуваат икони за тоа време, моментално се наоѓаат во различна состојба, поради недоволно и ненавремено тековно одржување и природните (атмосферски) влијанија.
На кои начини поединци активно учествуваат во оживувањето на објектите од модерната архитектура преку свои иницијативи и активизам, и какво влијание имаат врз свеста на јавноста за значењето на оваа архитектура?” – е воведното прашање на кое се очекува развој на дискусија.
Модератор на дебатата е Ана Бојаџиевска, додека како учесници се најавени Ана Ивановска Дескова, Мила Гавриловска, Ирина Тошева и Филип Јовановски.
Регистрација и повеќе информации се достапни на линкот подолу.

Автор на статија: Filip Koneski
BIG SEE / Дебата / Модернистичко наследство / Трансформација