Детска Работилница за АРХИТЕКТУРА – 101година Bauhaus школа

👉Овогодишниот концепт за архитектура е фокусиран на Bauhaus школа.
📆ЧЕТВРТОК 01.10.2020
📍Локација: Парк МКЦ
⏳Почеток: 17-18:30 часот
Пријавата е задолжителна на
📩 nesovskidoro@gmail. com
максимум учсници: 10-15 деца
Возраст: 5- 11 години
➡Ментори: Наташа Вчкова-архитект, проектант, сценограф
Доротеј Нешовски-интердисциплинарен уметник
💡Идејата и концепот за детската работилница е обележување на 101годишнината на БАУХАУС школа.
🎨Во кој ќе се изработуваат дизајни за столчиња,редизајни, макети за архитектура.
⏩Работилницата ќе започне со вовед, презентација и запознавање на децата-учесници со работата на школата Баухаус, при што ќе им бидат прикажани примери кои би им служеле како инспирација за работилницата. Потоа следи време за скицирање и разработка на идејата, изработка на макета, моделирање на продукт дизајн, инспириран од дизајните на школата.
🔹Работилницата Баухаус 2020 (Bauhaus 101) ,ќе се оддржи во знак на обележување на стогодишнината од формирање на оваа прогресивна школа, чие што влијание е и денес значително присутно во областа на уметноста, графичкиот дизајн, ентериерниот дизајн, индустрискиот дизајн, типографијата и сл.
🎨Bauhaus (Баухаус) се уметничка школа која што работела во периодот од 1919 до 1933 година, во Германија, и се смета за највлијателна модернистичка уметничка школа од 20тиот век. Нејзиниот пристап кон наставата и односите помеѓу уметноста, општеството и технологијата имале големо влијание врз развојот на дизајнот и уметноста како во Европа така и во останатите деловиод светот.
И покрај тоа што самото име Bauhaus означува “градење куќа”, и е формирана од архитетект ( Волтер Гропиус), школата не е замислена како школа за архитектура, туку се заснова на идејата на Gesamtkunstwerk (“‘total’ work of art”), каде што сите уметности, вклучувајкија и архитектурата, би биле поврзани заедно.
Поради ова, во Баухаус, имало голем дијапазон на различни предмети и работилници кои биле задолжителни за учениците. Покрај предавањата за уметност кај светски познатите Paul Klee,Wasilly Kandinsky, Laszlo Moholy-Nagy, Mies Van de Rohe и др, наставата се состоела и од практична работа во работилниците за скулптура, фотографија, метал, ткаење, графички дизајн, сценски настап и сл.
〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰
*ВАЖНО: Протоколите за почитување на мерките и држење дистанца од 2м и носење маска се задолжителни.
〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰〰
✴Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, музиколози, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика, издавачи, дизајнери за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.
Проектот е поддржан од министерство за култура на РС