Дом на пензионери – Охрид / Живко Поповски
06.03.2017 • ХХ век / II половина
Локација: Ул. „Димитар Влахов“ – Охрид
Автор: Живко Поповски
Година: 1972
Извор: Архитектурата во Македонија 1969-1989 од Александар Кочишки; СДАМ, ИНФОРМАТОР на Сојузот на друштвата на архитектите на Македонија. Скопје, 1896;
Аксонометриски приказ (Информатор, СДАМ, 1896, стр. 30-32)
Вклештен меѓу објекти со различни архитектонски белези и ткивото на старата охридска структура, свој мирен и тих живот живее Домот на пензионери – објект со скромна содржина и мал волумен, но со високи дострели на авангардното што го носи со себе.
Живко Поповски користи елементи и форми од традицијата, но зградата ја обликува со современ јазик и материјали, така што малиот волумен добива впечатлива пластика со просторно исфрлени еркери.
Основа на приземје (Информатор, СДАМ, 1896, стр. 30-32)
Нагласениот визуелен ефект на полна површина со нееднаквиот закосен завршеток на предната фасада во корелација со страничната апсидална форма на објектот, овозможува за креирање на скулптуралната атрактивност.
Основа на прв кат (Информатор, СДАМ, 1896, стр. 30-32)
Дополнително карактерот на охридската народна куќа и близината на историското културно богатство даваат свој одраз врз ликовното оформување на фасадите.
Пресек (Информатор, СДАМ, 1896, стр. 30-32)
Пресек (Архитектурата во Македонија 1969-1989, А. Кочишки)
Импресии побудува и организацијата на внатрешниот простор со лежерниот и едноставен цртеж, излезен од познатите проектантски стеги, димензионирана за можностите и потребите на пензионираниот корисник и старите луѓе. Токму затоа неколкуте апартмани – соби на двата ката се дадени на полуниво се заедно со клупските простории во приземјето.
Аксонометриски призак (Информатор, СДАМ, 1896, стр. 30-32)
Но иако објектот е повлечен од главниот фронт на улицата, без можност целосно да се покаже, средбата со него предизвикува возбудливи доживувања.
Фотографија од денешна состојба
Фотографија од денешна состојба (maps.google.com)
Материјалот го приложија и обработија: Антонио Грујевски, Љубен Трајаноски
Автор на статија: marh