Домување во Буњаковец | Архитектонско студио 5.1 (дел 1)
25.03.2024 • Студентски проекти
Семестар: III година, зимски семестар 2023/2024
Тема: ДОМУВАЊЕ ВО БУЊАКОВЕЦ
Предмет: Архитектонско студио 5.1 – УКИМ
Локација: Населба Буњаковец во близина на училиштетот „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје
Педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Димитар Папастеревски, Александар Петановски, Марија Петрова
Во позадина на Трговскиот центар „Буњаковец“, во понискофрекфентна зона, е сместен просторен паркинг вклештен во помеѓето на значајни архитектонски објекти. На север овој простор е затскриен со низа станбени објекти од булеварот Партизански Одреди меѓу кои се вбројува и станбениот блок од архитект Александар Серафимовски, на југ е во директна корелација со училиштетот „Јохан Хајнрих Песталоци“ (арх. Алфред Рот), а од запад пак, е во близина на Железничката колонија и нејзиниот уникатен атриум.
Поставената задача од Архитектонско студио 5.1 „ДОМУВАЊЕ ВО БУЊАКОВЕЦ“ има за цел да го надгради овој паркинг простор со простор за домување, но и со просторен јавен плоштад кој ќе се вгнезди во новопроектираната композиција од згради. Предложениот комплексот згради се состои од три меѓусебно поврзани блокови со различни висини, кои создаваат динамичен хоризонт. Висината на овие блокови е прашање кое треба да го утврди секој проект зависно од предложениот концепт.
Проект 1: Вероника Кочинска, Андреа Костовска
Концептот на градбата е базиран на минимализам, што вклучува јасни линии, едноставни форми и употреба на основни бои и материјали, што креира модерен и естетски привлечен објект. Овој концепт се фокусира на создавањето на простори што интегрираат различни функционални елементи, кои стимулираат интеракција. Дизајнот се фокусира на идејата за динамично движење, интеракција или функционални врски помеѓу различни делови на објектот. Зграда која се состои од отворено приземје и четири ката низ кои се распределени различни типови на станови, додека на последниот кат се појавуваат дуплексите и заеднички тераси.
Проект 2: Љупка Јораданова, Андреа Јовановска
Проект на еден станбен објект кој што е во склоп од три меѓусебно поврзани објекти. Темата на нашиот објект е транспарентноста, па затоа е и целиот застаклен, со дополнителна можност за приватност со подвижни капаци. Користен е армирано бетонски скелетен конструктивен систем кој што е видлив од надворешноста. Поделен е на две целини по висина, според висините на околните постоечки објекти и затоа има понизок дел и кула која се извишува. Има многу заеднички простор, сите завршетоци по висина се искористени за социјални заеднички намени (заеднички трем, базент и детско игралиште), приземјето на објектот е слободен простор, како и поврзувањето со надворешни коридори.
Проект 3: Ангела Јакимова, Елена Гребенакова
Типологијата претставува станбен објект со секции, во кој се развиваат три јадра за вертикални комуникации. Проектантскиот модул произлегува од паркинг просторот, кој почнува на ниво 0.00m и се развива на неколку подземни нивоа. На приземното ниво, долж зградата, се наоѓаат простори за комерцијална намена. Целата зграда е подигната на трем, кој формира платформа со простори за социјализација. Домувањето се развива на три нивоа и вклучува еднособни, трособни и четирисобни станови, од кои бочните станбени единици се отворени кон три страни, додека останатите се двострано ориентирани (север-југ). Развивањето на станбените единици се вриши со принцип на додавање/одземање на простории во делот каде се сместени приватните соби. Кровот е рамен и прооден, наменет за заеднички активности на станарите и истиот е делумно покриен со трем од дрвени елементи.
Проект 4: Евгенија Киркова, Ивона Димитриевска
Станува збор за линиски тип на станбен објект, чиј план се состои од три секции. Има отворено приземје и отворени скалишни јадра. Од скалите и лифтот е овозможен директен влез во становите. Целата структура на објектот е формирана од ритам на вдлабнати и испакнати делови. Северната и јужната фасада се целосно застаклени и на нив се јавуваат мали балкони како и вертикални брисолеи со цел да се контролира количината на сончева светлина и топлина која влегува во објектот, додека источната и западната се со мермерна декорација. На рамниот кров покрај кровна тераса има и инфинити базен и ресторан.
Автор на статија: Martina Shteriova