Донесен ценовник за инженерските услуги во високоградба

На денешната седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, се изгласа долго очекуваниот ценовник за високоградба! На свечената седница покрај делегатите и управата на комората, присуствуваше и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

 

Ценовникот во најскоро време треба да биде објавен во Службениот весник на РС Македонија, со што тој официјално стапува во сила. Неговата комплетна имплементација се очекува од почетокот на 2025 година, а до тогаш се предвидува работење според истиот со 25% помала вредност од минимално усвоените.

 

 

И покрај долгогодишната работа на овој ценовник, сеуште постојат одредени несогласувања помеѓу најголемите одделенија со што дојде до промена на неговата содржина. Беа изоставени веќе предложените проценти за распределба на трудот по фази според класификацијата на намена на објектите.  За истото се донесе заклучок и обврска, внатрешното усогласување да заврши заклучно со 15 февруари, 2023 година.

 

 

Ова е секако историски ден за фелата и еден голем чекор напред и покрај  внатрешните превирања, за кои се надеваме дека конечно ќе престанат во интерес на општото добро на професијата.

 

Фотографии: КОАИ, Филип Конески