Духот на скопската градска куќа

Проектот „Духот на скопската градска куќа“ претставува препознавање на квалитетите на градската куќа и нејзино реинтерпретирање преку поставување изложба од фасади на пет куќи од старо урбано ткиво (Маџир Маало). Така, архитектурата која е во исчезнување би се приближила до граѓаните, со цел тие да ја осознаат нејзината вредност.

 

 

Истовремено се наметнува размислувањето во кој правец се развива денешната станбена архитектура. Изложбата има за цел да ги акцентира вредностите како ред, симетрија, пропорција, етика и естетика кои се карактеристични за традиционалната архитектура и кои внесуваат хармоничност во градскиот простор. Истовремено претставува суптилна критика за денешното непромислено градење и урбаното безредие.

Настанот е во склоп на програмата на Скопје Креатива 2019 https://www.facebook.com/events/578304352676764/

и е поддржан од Локомотива
https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA-Centre-for-New-Initiatives-in-Arts-and-Culture-238745038237/
и град Скопје. 

Поставката ќе е поставена во сабота: 01.06.2019г. од 12 часот во Младински Културен Центар – Скопје, а отворањето на настанот е од 19 часот.

Здружение за истражување на градот „Градот убав“-Скопје е граѓанско здружение чија цел е поттикнување и препознавање на позитивните архитектонски и просторни вредности преку кои се зголемува квалитетот на животот во градот.