„ Формите на градот“ / Вујисиќ

Извор: Галерија „Акантус“

Младиот уметник Марко Вујисиќ во ова негово самостојно претставување како лауреат на наградата на Галеријата Акантус по изложувањето на In Situ Art Fair во Скопје, ни се претставува со слики и графики посветени на градот и на неговите форми.

Во Галеријата Акантус, во петокот на 1 февруари во 20 часот се случи отворањето на самостојната изложба на Марко Вујисиќ.

“Графити цртежите на Марко имаат свежина на прочистен цртеж, поента која соодветствува со околината, но повеќето од нив повеќе ги нема на зидовите на градот. Неговиот афинитет и искуство во графити уметноста, а се отсликува и во неговите слики ја води неговата рака кон создавање на форми кои делува дека се бргу и бритко исцртани во техниката на акрил и масло на платно, но сепак класично се истретирани во прецизноста “ – истакнува кураторката на изложбата, Дијана Томиќ Радевска.

Марко, млад автор и жител на овој град, преку оваа изложба ни ја претставува неговата поетска слика на доживување на овој град. На оваа самостојна изложба ќе бидат претставени нови четериесетина дела во различни техники, графика, акрил, масло на платно и комбинирана техника.

Самостојната изложба на Марко Вујисиќ е подржана од годишната програма за култура на Град Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 20 февруари.

Кратка биографија за авторот:

Марко Вујисиќ роден е 1994 год. во Скопје. 
Завршил средно уметничко училиште ,,Лазар Личеноски,, – графички отсек, 2012 година во Скопје. 
Студирал графика на ФЛУ 2012/2013 во Скопје. Во Белград студирал графика и сликарство од 2013 до 2015 година. 
Завршил СЕМОС – Академија за графички и веб дизајн 2016 год. во Скопје


Самостојни изложби:

2017 год., Скопје, КИЦ, графики и слики
Охрид-Куќа на Робевци
Струга-Галерија Вангел Коџоман
Награда за графика на Агенција за млади и спорт, 2017 год. од проектот “Млади Уметници”

Меѓународна графичка изложба на ДЛУМ.

* * *

Погледнете повеќе фотографии>>>

Автор на статија:

/