Фотографски сегменти од Велес низ Рациновите стихови / Плачкова
29.11.2019 • Фотографија
Сузана Плачкова е архитект од Кавадарци, која во моментот живее и работи во Струмица, но во професионалниот пат помеѓу, еден период минува и во Велес.
Нејзината љубов кон градителското наследство и пишаниот збор, ја инспирирало да го доживее поинаку Велес и претстави низ комбинирање на фотографија од архитетконски фрагменти и поезија.
„Низ работното искуство во Велес имав можност да го разгледам градот и да се впуштам во авантурата што може да ја понуди, Ги истражував маалата, архитектурата и духот на градот.
Правев записи, цртежи, фотографии за на крај патешествието да го искажам преку стиховите на поетот чиј дух е сеуште присутен.
Комбинацијата фотографски сегменти од Велес и Рацинови стихови од севременската стихозбирка Бели мугри се охрабрив да ја направам за да го изкажам восхитот на неговото перо и скриените сцени низ Велес.
Во чест на 80години од издавањето на Бели мугри и 101 роденден на Кочо Рацин го поздравувам градот Велес низ моја перспектива и инспирација за тамошната работа и мотивација за секоја следна.“
Автор на статија: Filip Koneski
Бели мугри / Кочо Рацин / Сегменти / Сузана Плачкова / Фотографија