СУГС Гимназија „Орце Николов“ – вреден објект од модерната, на раб на губење на автентичноста?

Година: 1970

Тема: Културно наследство

Објект: СУГС Гимназија „Орце Николов“

Фотографии: МАРХ/ Борис Јурмовски

Архитект: Александар Смилевски и Никола Богачев

Локација: Булевар Илинден, број 101.

Денеска сме сведоци на уништување на автентичноста и на уште еден маркантен објект од модерната архитектурата во Македонија во духот на “разубавување” на фасадата, без да се земат во предвид вредностите кои објектот ги има и импактот кој оваа постапка ќе доведе до целосниот изглед, вредност и автентичност на истиот.

Препознавањето и вреднувањето на нашетно архитектонско наследство е една од најважните наши цели во денешницата. Објектот на гимназијата “Орце Николов” подигнат во 1970-та година од страна на архитектите Александар Смилевски и Никола Богачев преставува еден од врвните објекти подигнати во пост- земјотрестно Скопје , во цутот на македонскиот регионален модернизам. Гимназијата “Орце Николов” заедно со гимназиите “Никола Карев”, “Корчагин”, “Јосип Броз Тито” и многу други низ Р. Македонија, се тестамент на зрелоста на македонските архитекти и преставуваат врвни дела кои го прикажуваат модерниот регионализам кој е инспириран од традиционалната архитектура во духот на создавање на нова архитектура.

Зачувавувањето на автентичноста на објектите и пронаоѓање на начини на модернизација на истите е предизвикот пред кој сме соочени кога рамислуваме за иднината. Гимназијата “Орце Николов” во 2016-та година изврши веќе проект за подобрување на енергетската ефикасност на објектот со заменување на браваријата, поправање и изолирање на кровот, изолација на внатрешните ѕидови како и изолирање на плафоните на тремовите. Оваа постапка требаше да го подобри перфомансот на објектот до 30%.

Тогаш главното прашање е зошто е потребна оваа интервенција и дали е истата во духот на “енергетско подобрување” на објектот? Изолирањето само на бетонските гредите во контакните зони претставува не-ефикасен начин на изолирање. Дали прашањето е тогаш прикривањето на бетонските појаси и заменување на истите со “нова” сива површина?

Можеби најважното од сé е бришењето на архитектонските елементи кој го правеа овој објект исклучителен. Влезната партија која скалесто се отвара и играта на волумените и светлото е можеби најмаркантниот елемент на целата композициска целина. Решението на одводот на водата во целиот концепт на конструкцијата и вниманието на зелените површини до прозорите во училниците се елементи кој оваа интервенција ги брише и делимично ги покрива.

Пред било каква постапка за интервенција на објект од особено значење како во случајот на гимназијата “Орце Николов” мора објектот да биде цел на детална студија и анализа за неговите карактеристики, архитектонски вредности и елементи.  Само при детална анализа, студија и разбирање на објектот неговото значење и проблемите со кој се соочува може да се изготви проект од ваков размер и интервенција. Само со вреднување и почитување на нашата изградена околина би можеле адекватно да ја заштитиме.

Можеби и поголемото прашање е кога искучителните објекти од модерната на територијата на Р. Македонија ќе бидат заштитени како културно наследство? И дали е доцна за “Орце Николов” во изнаоѓање на деликатно решение на проблемите со зачувување на автеничноста?

Затварање на светлосните отвори кон ходниците во влезната партија.
Покривање на сите натур бетонски површини со стиропор, во кој спаѓаат и садниците.

 

Оргиналната фасада во 2016-та година
Покривање на сите натур бетонски површини со стиропор, во кој спаѓаат и садниците.

 

Криење на архитектонските елементи во решението на конструкцијата.
Завршниот изглед со здебелување на горниот дел од фасадата и губење на пропорцијата со здебелувањето на ѕидовите.